Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Јавна расправа за Предлог-законот за јавното обвинителство

На денешната 57. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната 57. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се одржи јавна расправа за Предлог-законот за јавното обвинителство, со кој се предвидуваат темелни реформи во организацијата и функционирањето на обвинителскиот систем. Воедно, Собранието утре треба да се изјасни и за предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. 

Јавната расправа следува откако Собранието ја утврди потребата од донесување на законот, со што тој ја помина првата фаза од собраниската процедура.

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност.

Реклама

Меѓу клучните новини се поефикасен систем за оценување, прецизирани критериуми за професионалност, подобрено управување со предметите и подетализирана дисциплинска постапка со јасни рокови и механизми за спречување злоупотреби.

Законот ги зголемува и стандардите за транспарентност при изборот на јавниот обвинител, преку јавни седници на Советот на јавни обвинители, јавно презентирање на програмите на кандидатите и објавување на нивните биографии.

Министерот за правда Игор Филков изјави дека со ова законско решение се отстрануваат долгогодишни слабости во системот, како недоволна отчетност, нејасни критериуми за унапредување и бавни истражни постапки.

– Зошто беше потребна оваа реформа? Затоа што со години се наталожуваа слабости, недоволна отчетност, нејасни критериуми за унапредување, недоверба во дисциплинските механизми, бавни истраги и сомнежи на влијање. Во процесот на изготвување на законот беа оддржани дебати со поддршка на ЕУ, консултации со стручната и општата јавност преку ЕНЕР платформата, како и усогласување со мислењата на сите релевантни институции – рече министерот.

Тој посочи дека во подготовката на законот биле вклучени препораките од ГРЕКО, Венецијанската комисија, Европската комисија, како и насоките од Реформската агенда и Патоказот за владеење на правото. Според него, донесување на овој предлог закон е од круцијално значење за исполнување на два чекори од реформската агенда во областа на владење на правото.

– Со новиот закон воведуваме јасен мерит систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите. Предлог законот воведува поефикасен систем на оценување, при што редовното оценување ќе се врши на секој три години на место досегашните четири. Значајна новина и зајакнувањето на транспарентност во постапката за избор на јавниот обвинител на Македонија се воведува појасна, пообјективна и поефикасна дисциплинска постапка – нагласи тој.