Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Јапонија додели два гранта за здравството и за противпожарната заштита во земјата

Во Амбасадата на Јапонија денеска беа потпишани два нови договора за грант…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Амбасадата на Јапонија денеска беа потпишани два нови договора за грант во рамките на ГГП-програмата за мали проекти за човекова безбедност, со вкупна вредност од 81.956 евра. Грантовите се наменети за Универзитетската клиника за ендокринологија – Скопје и за Општина Свети Николе.

Амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара, истакна дека проектите претставуваат продолжување на долгогодишната соработка меѓу двете земји и придонесуваат за зајакнување на основните системи за здравствена и јавна безбедност.

– Со денешната церемонија сакаме да ги покажеме подготвеноста за понатамошно зајакнување на пријателството меѓу Јапонија и Македонија и нашата континуирана поддршка за реформските процеси. Преку ГГП-програмата од 1996 година досега поддржавме 190 проекти во здравството, образованието и животната средина – рече Кавахара.

Реклама

Првиот грант е наменет за набавка на нов ултразвучен систем за Клиниката за ендокринологија. Директорот на клиниката, д-р Ирфан Ахмети, нагласи дека новата медицинска опрема ќе придонесе за подобрување на дијагностиката и третманот на пациентите.

– Новата технологија ќе овозможи побрза и попрецизна дијагностика, подобро следење на ендокринолошките заболувања и поефикасно приспособување на терапијата. Клиниката годишно згрижува над 15.000 пациенти, а овој апарат значително ќе ги подобри условите за работа – изјави Ахмети.

Вториот грант се однесува на Општина Свети Николе за потребите на локалната Територијална противпожарна единица. Градоначалникот на општината, Дејан Владев, ја истакна важноста на донацијата за јавната безбедност.

– Донацијата на теренско противпожарно возило е значаен придонес во унапредувањето на безбедноста и заштитата на граѓаните. Ова возило особено ќе ја зголеми ефикасноста на нашата служба во руралните и тешко пристапни подрачја. Станува збор за поддршка која директно значи спасување животи и материјални добра. Општина Свети Николе високо ја цени соработката со Јапонија – изјави Владев.

Тој додаде дека пожарникарите во општината често работат во сложени услови и дека новото возило значително ќе ја подигне нивната подготвеност и оперативност.

Амбасадорката Кавахара изрази очекување дека двата проекта успешно ќе се реализираат и ќе придонесат за подобрување на условите за живот во локалните заедници.