Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Економија

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на државата до крајот на годината, уверува заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски. 

Како што соопшти денеска Министерството за финансии, Јанкуловски потенцирал дека исплатата се врши непречено и оти редовно се исплаќаат плати, социјални  надоместоци, К-15, блок-дотации кон општините и други тековни трошоци. Нашата цел, вели тој, е целосно да се реализираат и приходите и расходите во Буџетот согласно планираното, како и буџетскиот дефицит да се заврши на планираното ниво.

– Трезорот, како составен дел од Министерството за финансии, работи и ќе продолжи да работи најнормално, како и сите институции, до 31 декември 2025 година. Со начинот на кој сега функционира Трезорот и со навремените исплати, јасно покажавме дека нема никаков застој. Редовно се исплаќаат социјалните надоместоци, К-15, обврските преземени во соработка со надлежните агенции, блок-дотациите кон општините, како и платите и другите тековни трошоци. Секоја обврска која ќе биде евидентирана и прифатена за плаќање, ќе може да се исплати заклучно со 31 декември , рече заменик-министерот.

Реклама

Тој појасни дека информацијата што Министерството за финансии ја достави до буџетските корисници и институциите во државата за доставување на налозите до 15 декември беше исклучиво од организациски аспект.

– Целта беше до 15 декември да ги достават налозите за плаќање, за Трезорот навремено, до крајот на годината, да може да ги испланира сите расходни ставки и да ги обезбеди потребните информации поврзани со останатите фискални параметри. Сè друго, приказните за затворање на Трезорот, дека нема да има пари или дека ќе настане финансиски застој беа пласирани од страна на опозицијата“, наведе Јанкуловски, кој дополни дека најголемиот дел од институциите целосно го почитуваа рокот и навремено ги доставуваат налозите.

Заменик-министерот потенцира дека секоја обврска која ќе биде евидентирана и прифатена за плаќање, ќе може да се исплати заклучно со 31 декември и оти за тоа до крајот на годината ќе бидат обезбедени потребните средства.

– Даночниот календар е добро познат и очекуваме дополнителни приливи до крајот на месецот  по основ на данок на добивка, данок на додадена вредност кој доспева на 25 декември, како и социјалните придонеси што се уплатуваат на крајот на месецот. Имајќи предвид дека значителен дел од компаниите во овој период исплаќаат бонуси и регреси за вработените, нашите очекувања се дека планираните приходи во најголем дел ќе бидат реализирани, рече заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.