Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Македонија

Јаневска: Ќе останеме изолирани и заборавени доколку не вложуваме во вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е повеќе иднина и ние мора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е повеќе иднина и ние мора да сме свесни за тоа и мора да вложуваме сѐ повеќе и повеќе и да ја користиме за да ги ефектуираме процесите, за да побрзо стигнуваме до иновациите, за да можеме технолошкиот развој да го забрзаме. Бидејќи ако не го правиме тоа, ние ќе заостанеме – ќе останеме изолирани и заборавени од светот. Мора да држиме чекор со она што се случува во светот, нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во денешната изјава за медиуми, во рамки на научната конференција „Креирај дома, продавај глобално“, со што ќе се означи отворањето на Технолошкиот парк – Н99.

– Јас сум им благодарна и на господинот Сефер и на господинот Анис, што го препознаа ова и што во овој екосистем ги вклучија, така како што треба и науката и иновациите и стопанството и институциите други, кои наистина ќе придонесат за развој на науката, технологијата и иновациите во оваа земја, што според мене, не е еднаш кажано – претставува наша иднина и токму така, делови од смарт-специјализацијата наша препознале и овде и го вклучуваат тоа, затоа што само така, бидејќи нели, велам – ние имаме многу, многу ум, а немаме нафта, немаме гас, но, преку вакви институции, навистина, можеме да постигнеме добар успех и да бидеме конкурентни насекаде во светот – истакна министерката во изјава за медиуми.

Таа рече и дека ќе создадат „здрава конкуренција“.

Реклама

– Владата е влезена во еден мега-проект на градење државен научнотехнолошки парк, а само здравата конкуренција ќе обезбеди побрз и подобар прогрес. Па така, со заеднички сили, ќе одиме, се надевам, многу брзо напред, затоа што тоа ни е неопходно – додаде министерката.

Јаневска се запозна подобро со роботот Алшар, кој како што ни беше посочено, има улога на професор во училница на иднината.

Креаторот на Алшар е Анис Сефиданис, професор на Универзитет „Свети Апостол Павле“, Охрид.

– Прво, многу е важно што се поклопуваат визиите на министерката и она што ние тука сакаме да го создадеме. Најдобар начин да се предвиди иднината, кажале, дека е да се создаде иднината и тоа мора да го правиме сите заедно. Најдобро место од каде што треба да се почне е образованието. Бидејќи, според мене, иновациите, без разлика дали се тоа роботи, дали е вештачка интелигенција, паметна медицина, не е ништо друго освен трансформација на знаење во алатки што ќе му служат на човештвото. Профитите се важни, индустриите се важни, економијата е важна, но, секаде во центар на приказната мора да биде човекот и ќе ни треба континуирана поддршка во однос на креирање рамки како овие технологии понатаму ќе се експлатираат, како соодветно ќе се користат, без истите да бидат злоупотребувани. Им благодарам на сите кои учествуваат на панелите, на отворањето на Технолошкиот парк и ги повикувам да бидат дел од оваа платформа, бидејќи само така ќе ја постигнеме целта што сме ја зацртале – порача Сефиданис во изјавата за медиуми.

Сефер Цаноски, основачот на Н99, кажа дека идејата била под еден покрив да се спојат образованието, иновацијата, технологијата и бизнисот. Тој рече и дека Н99 соработува со преку 43 различни земји од светот.

Со квалитетни производи, квалитетни луѓе и квалитетен концепт, како што нагласи Цаноски, може да се постигне државата да биде на технолошката мапа, на бизнис мапата, „да нè зборуваат за убаво“.

– Технолошкиот парк е дел од екосистемот на Н99 што опфаќа и стартап-заедницата, бизнис-заедницата, универзитетите… Технолошкиот парк е базиран на четири столба. Вештачка интелигенција и роботика. Вештачка интелигенција и земјоделство. Сајбер-секјурити и дигитална форензика. Невросајнс – одговори Цаноски на новинарско прашање.

Министерката за образование и наука Јаневска се обрати на панел-дискусија посветена на образованието и дигиталната трансформација во просториите на АУЕ – ФОН, Скопје.