Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Јанчев: Изградба на модерен био пазар – инвестиција во здравјето, земјоделието и локалниот развој

Започна изградбата на нов модерен био пазар во Кавадарци – инвестиција во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна изградбата на нов модерен био пазар во Кавадарци – инвестиција во здравјето, земјоделието и локалниот развој, се наведува во денешната објава на „Фејсбук“ на градоначалникот Митко Јанчев.

– Ваквиот вид на пазар ќе биде прв од ваков вид во Тиквешкиот регион, инвестираме во здравјето, земјоделието и локалниот развој во Кавадарци, се додава во објавата.

Како што појаснува градоначалникот, овој проект има за цел да обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, нагласува, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите.

Реклама

– Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци. Ова е простор каде локалното добива вистинско значење. Клучни карактеристики на био пазарот: простори за продажба на органски јаткасти плодови, мед, преработки и домашни прозводи, сирење, кашкавал, урда, путери од јаткасти плодови и слично, објектот ќе биде поделен на 15 деловни единици, нагласува Јанчев.

Се додава дека проектот е дел од визијата за Кавадарци како еколошки одговорна и економски динамична општина, што ги поттикнува локалните производители, го скратува синџирот на снабдување и ја зголемува свесноста за здравите животни навики.

Како што се наведува, пазарот ќе биде изграден во зона со комерцијална и деловна намена.