Јавното претпријатие „Комуналец“ со владина поддршка го зголемува возниот парк кој од денеска има уште два нови камиони.
Станува збор за камиони за подигнување на отпад од 12 кубни метри, со што бројот на пристигнати возила сега е шести од вкупно планираните десет камиони.
-Возилата се обезбедени од Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а се доделуваат на јавните комунални претпријатија во општините со што ќе се олесни и ќе се подобри работата на јавните комунални претпријатија. Со ова се создаваат услови за поголема покриеност и поквалитетна услуга за граѓаните и во урбани и во рурални средини, поефикасно собирање на отпадот и зголемување на реоните за селекција уште на местото на создавање, информираа од Општина Битола, основач на ЈП „Комуналец“.
