Реклама

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Македонија

Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево ги награди првенците на генерацијата од основните училишта

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево традиционално и оваа година ги награди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево традиционално и оваа година ги награди првенците на генерацијата од двете основни училишта во градот, оддавајќи им признание за нивниот труд, знаење и посветеност.

Гости на библиотеката беа Сара Димитровска, првенец на генерацијата од ООУ „Ванчо Прке“, и Ирина Спасевска, првенец на генерацијата од ООУ „Св. Климент Охридски“, на кои им беа врачени пригодни подароци како поттик за понатамошно образование и љубов кон книгата.

Од библиотеката упатија честитки за нивниот извонреден успех, посакувајќи им многу нови знаења, успеси и исполнети соништа на патот што е пред нив.

Реклама

– Нека ова признание биде поттик да продолжат храбро да чекорат кон нови достигнувања, а книгата секогаш да им биде верен пријател, порачаа од ЈЛБ „Илинден“.

Со оваа традиционална активност библиотеката ја продолжува практиката на промоција на знаењето, читањето и поддршката на најуспешните ученици во Делчево.