Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Ѓорѓиевски по изборот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова раководство ќе ја испише историјата, нè очекува многу работа

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа, преку својот фејсбук профил, изрази…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа, преку својот фејсбук профил, изрази искрена и длабока благодарност за довербата што му ја уакажа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да биде дел од Извршниот комитет на партијата.

Ова, како што наведува Ѓорѓиевски, за него е должност што се прифаќа со исправен грб, со чиста совест и со подготвеност, огромна посветеност и пожртвуваност за подобро Скопје и посилна Македонија.

-Патот што го изодевме не беше лесен. Нам не ни беа подарени победи, туку ги освоивме со истрајност, со жртва и со верба. Но токму тие тешкотии нè направија поцврсти, поодлучни и пообединети. И затоа денес можеме гласно и гордо да кажеме – ние успеавме! Мојата приказна со ВМРО почна уште на 16-годишна возраст. Од претседател на местен комитет, чекор по чекор, секоја скала и секој филтер, до член на највисокото партиско тело. Пат што од млади години учи дека карактерот се гради во тешки времиња, а лидерството се докажува кога е најтешко. Затоа, со целосна увереност велам дека рамо до рамо со претседателот Христијан Мицкоски, ова раководство ќе ја испише историјата. А историјата ќе биде наклонета кон нас, затоа што ние имаме намера да ја испишеме! Во периодот што следи, заедно со општинските комитети, со ветераните, со УМС и УЖ, нè очекува работа и само работа. Мотивирано, обединето и цврсто ќе чекориме напред, за доброто на нашиот горд народ, за иднината на нашите деца и на генерациите што доаѓаат, пишува Ѓорѓиевски во објавата на фејсбук.