Мостот за „ловење риба“, а го носи името „ Генерал Михајло Апостолски“, што не завршуваше никаде, конечно ќе ја добие вистинскарта смисла и функција, да ги поврзе Аеродром и Гази баба. Мостот што донекаде изграден, со години не им служеше на граѓаните, оваа година ќе биде пуштен.
Моментално се наоѓаме на мостот „Генерал Михајло Апостолски“, мошт што која што треба да претставува директна врска и треба да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба. Со неговото ставање во функција надлежните очекуваат дека конечно ќе се овозможи непречен сообраќај низ овој дел од градот.
Минатата власт никогаш не ги реши имотно-правните односи, што беа пречка да биде пуштен во употреба. Актуелниот скопски градоначалник, Орце Ѓорѓиевски сега објави дека експропријацијата е конечно завршена. Според Ѓорѓиевски, за два месеци мостот ќе биде ставен во функција.

Зад мене се наоѓаат дел од објектите кои што со години го кочеа целосното поврзување на мостот. Според најавите на надлежните проблемот е конечно решен. Граѓаните се очекува да се иселат во најкус можен период и да се започне со расчистување на просторот.
„Тука, искрено и од срце, сакам да им се заблагодарам на овие домаќини, културни и чесни луѓе, со кои пуштивме рака за овој проблем да стане решение. Благодарам за домаќинскиот пристап, за разбирањето и за кафето што го испивме заедно.“ – вели градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Граѓаните велат дека и за нив придобивките од овој мост ќе бидат огромни. Тие посакуваат што поскоро да се отвори бидејќи со него ќе скратат многу време, а воедно ќе се растеретат други булевари од сообраќајниот метеж.
„Дајбоже што поскоро да се пушти, затоа што не спојува со Автокоманда, за Бутел одење преку Автокоманда, мислам подобро нешто не може да биде. “– велат граѓаните.
Мостот почна да се гради уште во 2020 година од тогашната власт под водство на Петре Шилегов, но не беше ставен во функција поради нерешени имотно правни односи. Според тогашниот план најпрво се реконструираше булеварот „АСНОМ“, а потоа преку мостот требаше да се поврзе со населбата Ќерамидница.
