Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Хоџа: По години пишување стратегии на хартија, конечно воспоставуваме регионален систем за управување со отпад во државата

Се подготвуваат тендерските постапки за изградби на современи системи за управување со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се подготвуваат тендерските постапки за изградби на современи системи за управување со отпад во Русиново и Новаци, а за изградбата на современата фабрика за отпад во светиниколското село Мечкуевци, која ќе биде за преработка на отпадот за 18 општини од Источниот и Североисточниот Регион, тендерската постапка е во завршница – истакна на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа. Тој потенцира дека по години пишување стратегии на хартија, конечно се воспоставува регионалниот систем за управување со отпад во нашата држава. 

– Тоа претставува најголема реформа во оваа област. ​Веќе е обезбедена и испорачана значајна опрема за општините во регионите – механизација и комунална опрема. Паралелно се подготвуваат тендерите за изградба на регионалните центри во Русиново и во Новаци, а во Свети Николе постапката е при крај. Истовремено, се подготвува и документација за изградба на трансфер-станиците во општините. ​Овој систем претставува долгорочно решение за дивите депонии и современо управување со отпадот. И целосно сум посветен за да се запази предвидената динамика на реализација – рече Хоџа.

Министерот за животна средина и просторно планирање додаде дека еден од клучните чекори во борбата со аерозагадувањето е усвојувањето на новиот Закон за контрола на индустриските емисии, со кој се воведуваат построги стандарди и поголема одговорност за индустрискиот сектор.

Реклама

​- Законот стапува во сила в година, односно септември 2027 година, а во меѓувреме интензивно работиме на создавање услови за негова навремена и ефикасна имплементација. ​За почист воздух инвестираме во замена на нееколошките системи за греење во јавните објекти. Истовремено, ги зголемивме и инспекциските надзори врз индустријата затоа што превенцијата секогаш е клучна мерка – вели Хоџа. 

​Посочи дека почната е и подготовка на дигиталниот регистар за јавно достапни податоци за индустриските емисии, кој дополнително ќе ја зголеми транспарентноста. 

– Интензивно работиме и на усогласување на законодавството со европските стандарди. Како дел од реформската агенда, Владата ги усвои подзаконските акти и Законот за климатската акција. ​Во разни фази на подготовка се и други клучни закони за заштита на природните ресурси: новиот закон за природа, измени и дополнувања на Законот за животната средина, законите за Белчишкото и за Студенчишко тоБлато. Во наредниот период мојот главен фокус останува на регионалниот систем за отпад и на имплементацијата на дополнителните мерки за чист воздух – истакна Хоџа.

​На денешната прес-конференција информира дека и со ребалансот на буџетот се зголемуваат средствата за финансирање капитални инфраструктурни проекти од областа на животната средина, меѓу кои и за пречистителна станица во Скопје. 

– Јас сум на функцијата во последните шест месеци, но голем дел од процесите е продолжение на веќе почнатите реформи од претходниот министер, господинот Изет Меџити. ​Со тоа постигнуваме стабилност и доследност во реализацијата. Во изминатиот период обезбедивме средства и почнавме со реализација на над 300 инфраструктурни проекти од различен обем – од модерни водоводи и канализациски системи до пречистителни станици – вели Хоџа.