Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Трет ден комисиска расправа за ребалансот: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е развоен, а СДСМ дека е нереален и тешко остварлив

Заврши третиот денод расправата по ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши третиот денод расправата по ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците од власта и опозицијата повторно ги спротивставија ставовите. Според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот има развојна компонента и предвидува нови, сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти што ќе значи дополнителна екномска активност, нови работни места и подобар животен стандард, додека според СДСМ, проекциите се нереални, несериозни и тешко остварливи, базирани на преоптимистички очекувања.

– Овој документ значи нови инвестиции, проекти, економски раст и подобар животен стандрад за граѓаните. Парите мора да се враќат кај народот преку инвестиции. Затоа со ребалансот се обезбедени преку 41 милијарда денари за развојни програми – училишта, болници, железница, енергетски проекти,… Ние инвестираме, зашто секој денар вложен во капитални проекти носи нови работни места, дополнителна економска активност и развој. Овој ребаланс значи приспособување кон реалните потреби и обезбедување средства таму каде што се најпотребни, овозможува редовна ипслата на плати, пензии, поддршка на стопанствто, земјоделски субвенции,… Ние не ветуваме развој, туку го финансираме, не ветуваме инфраструктура, туку ја градиме. Државата има јасен правец – стабилни финансии, растечки приходи и Влада што работи. Ребалансот е реален, одговорен и развоен, создава предулсови за натамошен ек раст, нови инвестиции и подобар животен сдтандард. Да продолжиме да градиме силна економија и да работиме во интерс на граѓаните, истакна Александар Јамалов од ВМРО-ДПМНЕ. 

Неговиот сопартиец, Жан Дрвошанов, се осврна на опозициските обвинувања, дека ребалансот се носи зашто државната каса е празна.

Реклама

– Не е точно дека се прави ребаланс зашто нема пари, како што вели опозицијата. Апелирам граѓаните да бидат мирни и спокојни, да не потпаѓаат на вакви паушални констатации. Оваа Влада покажа дека се грижи за својот народ и дека домаќински управува со финансиите. Ќе има сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти кои ќе ги подобрат условите за живот, рече

Тој воедно порача дека и покрај сериозните економски пореметувања на глобално ниво, нема драстични отстапувања од првичните проекции на основниот Буџет.

Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, го закажа продолжението на седницата за утре, во 11.30 часот, кога треба да почне амандманската расправа. За ребалансот се предложени 224 амандмани.