Реклама

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Свет

Тензиите продолжуваат: Нови напади на САД врз Иран, Техеран возврати со удари врз Бахреин и Кувајт

Американската војска соопшти дека се погодени 140 ирански воени цели во последните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американската војска соопшти дека се погодени 140 ирански воени цели во последните напади врз Иран, по извршените напади врз трговски брод што минувал низ Ормускиот Теснец, за што Вашингтон ја обвини Исламската револуционерна гарда, пренесува Си-ен-ен. Ова е трета рунда американски напади во рок од една недела, во услови на зголемени тензии меѓу двете земји и по серијата јавни закани упатени од нивните лидери.

Иранските медиуми објавија дека американски напади се извршени врз повеќе јужни провинции, меѓу кои Бушер, Хормозган, Хузестан, Систан и Белуџистан, како и во западната провинција Лорестан.

„Нападите ја намалуваат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и комерцијални бродови што слободно минуваат низ теснецот“,

Реклама

велат од Централната команда на вооружените сили на САД (ЦЕНТКОМ).

Новата размена на напади во Персискиот Залив следува откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека привремениот договор во конфликтот со Иран е завршен.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет порача дека Иран направил лош избор и сега ја плаќа цената, додека претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф одговори дека ерата на еднострани договори е завршена.

Иранските државни медиуми, пак, тврдат дека иранските сили возвратиле со напади врз американски воени објекти во Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а дел од овие земји соопштија дека биле цел на ракетни и беспилотни напади.

Во нападот врз трговскиот брод исчезна еден индиски државјанин, а Катар соопшти дека три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени за време на операциите за пресретнување.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека неколку бродови ги игнорирале предупредувањата да го променат курсот и да продолжат по одобрена рута, додавајќи дека еден од нив бил запрен по предупредувачки истрел.