Реклама

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Прилози

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Правилното користење на водните ресурси, развојот на енергетиката, туризмот, земјоделството и дигиталните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правилното користење на водните ресурси, развојот на енергетиката, туризмот, земјоделството и дигиталните решенија се столбовите на новата економија, во која природните ресурси се поврзуваат со технологијата, иновациите и знаењето. Со дигитализацијата, примената на вештачката интелигенција и развојот на нови вештини, кон кои е насочена Владата, домашниот бизнис добива можност за ново позиционирање на европскиот пазар. Македонските компании кои работат во овие области веќе се на добар пат.

„Секоја македонска компанија која е блиску до препознавањето на своите активности како дел од сината економија има потенцијал да го прошири својот бизнис“, изјави Миле Бошков, од Конфедерација на работодавачи.

Компаниите од туризмот и агроиндустријата, оние што се занимаваат со производство на електрична енергија од обновливи извори, па сè до управувањето со водите, се дел од овој економски концепт. Но, за да се искористи потенцијалот, потребни се и нови алатки. Дигиталните платформи треба да ги поврзат компаниите, знаењето и човечкиот капитал.

Реклама

„Ние правиме дигитална платформа која ги собира компаниите на едно место и ќе им даде увид и можност за ангажман на сините вработени“, изјави Драган Пехчевски, претседател на УО на ССК.

Во новата економија, конкурентноста ќе ја одредува способноста на компаниите да применуваат нови технологии. Вештачката интелигенција, дигитализацијата и иновациите веќе не се прашање на избор, туку услов за развој.

„Трите клучни зборови се конкурентноста, иновативноста и употребата на вештачката интелигенција. И, секако, инвестирањето во кадри и развојот на човечкиот потенцијал“, изјави Ингрид Тробец од Словенија.

Новите технологии отвораат можности и за малите и средните компании. Тие ќе овозможат полесен пристап до пазарите, поефикасно производство и создавање нови услуги.

„Дигитализацијата, вештачката интелигенција, Интернетот на нештата и дигиталните близнаци се нови можности за малите и средните претпријатија“, изјави Давиде Де Николо од Италија.

Сепак, првиот чекор е препознавањето на потенцијалот. Експертите од регионот велат дека земјите без море не треба да ја исклучуваат сината економија – напротив, реките и езерата можат да бидат значаен економски ресурс.

„Србија и Македонија, како земји кои немаат море, сè уште немаат доволно развиена свест дека постои сектор на сина економија. Но, тука се реките и големите езера, како Охридското, Преспанското и Дојранското“, изјави српскиот експерт Михајло Гајиќ.

Македонската Влада работи на поддршка на сината економија, односно на зачувување на водните ресурси и воведување дигитализација во процесите. Оттаму велат дека подобрената состојба со акумулациите и управувањето со водните ресурси е важна и за енергетската стабилност и за потребите на земјоделството.

„Нашата цел е јасна – Македонија да стане енергетски независна држава, да произведува повеќе домашна, чиста и конкурентна енергија. Македонија располага со значајни водни ресурси – трите природни езера, речните сливови и хидроакумулациите се дел од потенцијалот што може да се искористи преку современи технологии и одржливи политики“, изјави министерката Сања Божиновска на 10 јули, по повод Меѓународниот ден на енергијата.