Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Сивата економија „јаде“ 23% од бруто домашниот производ

Високата корупција, политичка нестабилност, нискиот даночен морал ја потхрануваат сивата економија. 250…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високата корупција, политичка нестабилност, нискиот даночен морал ја потхрануваат сивата економија. 250 милиони евра  или   23.2 проценти од БДП во 2020 година завршиле како „пари под рака“. Иако процентот  од 2006 до 2020 година има тенденција на опаѓање, сепак сме далеку од европскиот просек.

Причините се високата корупција политичка нестабилност и како државата ги троши парите. Зошто е висока сивата економија поради нискиот даночен морал кај граѓаните е поинаков.Ниска продуктивност, низок физџички капитал, лошо образование затоа е висока сивата економија кај нас.  Кога ќе ги регулираме тие структурни фактори сивата економија ќе опадне. Другиот дактор се државните политики, вели Бојан Србиноски од Finance Think

Реклама

Сивата економија  ја детерминираат генерално  ниско продуктивните дејности.  Затоа потребен е подобар институционален систем и систем на социјална заштита кој ќе ги отргне социјално загрозените граѓани од неформално работење. Од друга страна потребна е стабилна законска рамка бидејќи и самите закони ја стимулираат корупцијата.

Има два пристапи како да се справиме со сивата економија. Првиот е  директен  пристап, преку јакнење на контролите , тоа е дисциплински мерки вториот начин е стимулација за формализација, покажете им на фирмите зошто е добро да се формализираат, вели Србиноски.

Истражувањето покажува дека  за справување со високиот степен со сивата економија, државата мора сериозно да работи во поглед на зголемување на продуктивноста на долг рок, потребни се реформи во образованието со што ќе се зголеми квалитетот на  работната сила како и зголемување на ефикасноста на јавната администрација со што би  се намалил товарот врз приватниот сектор.

Кристина Алексиеска