Реклама

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Прилози

Ристовски: 60 проекти, вложени над 21 милион евра за две години во спортот

60 спортски проекти за само две години вредни над  21 милон евра,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

60 спортски проекти за само две години вредни над  21 милон евра, се реализирани во Министерството за спорт.И ова не е политичкапропаганда, туку факт, вели министеротза спорт Борко Ристовски во отчетот за сработеното. Во изминатиот период се реконструирани и започнати повеќе капиталн иинфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“,спортски сали сали во Крушево, Аеродром и Воената академија, нови трибини на стадионот во Тетово, атлетски патеки во Велес и во Гевгелија, а изградени се и 9 нови базени низ државата.

Ја реконструиравме спортската сала во Радовиш, ја обновиваме спортската сала на УКИМ, објект кој со години тонеше, пропаѓаше и се уништуваше поради негрижа и неодговорност. 05.10 Паралелно со тоа саниравме,изградивме,и реконструиравме   голем број спортски игралишта мултифинкционални терени  и спортски објектиниз целата држава-истакна министерот за спорт Борко Ристовски

Македонија во последниот период беше домаќин на два големи спортски настани, со кои, како што вели министерот за спорт, се потврдило дека државата може да организира манифестации на највисоко ниво и според највисоки стандарди.

– Разликата денес е повеќе од очигледна тие за 4 години 33 проекти а ние за две години 60 проекти. Тие оставија руинирани објекти ние градиме нови-истакна министерот за спорт Борко Ристовски

Реклама

Ристовски најави продолжување на нови капитални инвестиции, изградба на спортски објекти и засилена поддршка за федерациите, клубовите и младите спортисти. Министерството за спорт е формирано за прв пат во 2024 година. Претходно, спортот не беше во фокусот на државата, туку беше во надлежност на Агенцијата за млади и спорт. Со новата реорганизација на институциите, таа агенција беше трансформирана, а спортот доби статус на посебен ресор во рамки на Владата предводена од Мицкоски.