Нови задолжувања, намален економски раст, зголемување на буџетскиот дефицит со прекројувањето на државната каса. Владата го стега обрачот за 200 милиони евра непродуктивни трошоци, а ќе не задолжи за 900 милиони евра.
Со ребалансот на Буџетот, планирано е да се соберат 100 милиони евра повеќе за разлика од претходно проектираниот буџет. Расходите се проектирани на околу 4,6 милијарди евра , а приходите се – на 4 милијарди евра.

Расходите за стоки и услуги се проектирани во износ од 23 милијарди денари. Ќе нагласам дека тука е направена максимална оптимизација во однос на неприоритетните трошоци, но исто така ќе нагласам дека тука се земени во предвид и енергенсите со што е додадени дополнителни средства кај буџетските корисници во однос на непречено одвивање на јавните услуги и исто така дека се вкалкулирани обврските за НАТО, истакна Министерот за финансии Фатмир Бесими
Дефицитот и отплатата на надворешниот и домашниот долг , ќе се финансираат преку задолжување на меѓународниот и домашниот пазар и не се исклучува можноста за позајмување на 1 милијарда евра. Прогнозите за 2022 се дека економијата ќе се развива со забавено темпо во однос на првите проекции, а инфлацијата е проектирана на повеќе од 7 отсто.
Финансирањето предвидено во самиот Буџет како прилив има 54,5 милијарди денари од кои домашно е 27,1 и странско 65,5. Ако ги гледаме бруто и одземеме 11,8 милијарди и тоа се 42,7 милијарди и тоа се колку што е дефицитот на Буџетот, вели Бесими
Со ребалансот на Буџетот се кратат и 95 милиони евра за капитални проекти со што , за нивна реазлиација остануваат 520 милиони евра. Ребалансот на Буџетот кој Владата веќе го испратила во Собрание ќе обезбеди 76 милиони евра за економски мерки за заштита на граѓаните и стопанството и дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, за покачување на пензиите и платите на наставниците, како и за субвенции за исплата на минималец . врз основа на вака прекроениот буџет, министерството за економија допрва ќе треба да ги проектира економските мерки за справување со ценовните шокови предизвикани од светската економска енергетска и воена криза.
Кристина Алексиеска
