Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Промоција на „Пиратска грижа“ во КСП Центар Јадро

Во рамки на КРИК – фестивалот за критичка култура, вечерва во КСП…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на КРИК – фестивалот за критичка култура, вечерва во КСП Центар-Јадро со почеток во 20 часот ќе биде промовирано македонското издание на книгата „Пиратска грижа: акти против криминализацијата на солидарноста“ од авторите Валерија Грацијано, Марсел Марс и Томислав Медак.

Станува збор за дело кое го проблематизира прашањето на грижата како современо политичко прашање, отворајќи дилеми за тоа како се одржува солидарноста во услови на институционални слабости и пазарна експлоатација на ранливоста. Авторите ја анализираат трансформацијата на грижата од колективна вредност во административна процедура или услуга достапна за оние што можат да ја платат, при што укажуваат на сè почестата криминализација на самото помагање.

Книгата нуди критички увид во прашањата кој има пристап до грижа, кој ја обезбедува и кои групи остануваат исклучени, потенцирајќи дека грижата не треба да се разгледува како приватно или хуманитарно прашање, туку како општествена и политичка категорија. Преку примери од феминистички, работнички, дигитални, еколошки и мигрантски иницијативи, авторите разработуваат концепт на „пиратска грижа“ како форма на заемна помош, колективно организирање и отпор.

Реклама

На промоцијата е најавен разговор со авторите, на кој ќе се дискутира за изградба на инфраструктури на солидарност во време на кризи, улогата на непослушноста во практиките на грижа, како и за постојните форми на солидарност во општеството. Модератори на дискусијата се Артан Садику и Јована Ѓерасимовска.

Изданието е дел од едицијата „Пунктум“, уредено од Искра Гешоска, а преводот е на Жарко Трајаноски и Мила Стаменова Бурнс.