Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Пренатрупаност, недостиг на кадар и несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите, констатира НПМ за 2025

Несоодветни сместувачки услови во дел од затворите, предизвици во обезбедувањето навремена и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Несоодветни сместувачки услови во дел од затворите, предизвици во обезбедувањето навремена и достапна здравствена заштита, недоволна кадровска екипираност на институциите, недостиг на специјализирани обуки за дел од персоналот, како и материјално-технички недостатоци кои директно влијаат врз квалитетот на третманот и условите во кои престојуваат лицата лишени од слобода, се констатира во извештајот на Национален превентивен механизам (НПМ) за 2025 година.

Ова е 15-ти извештај на НПМ, меѓутоа, наспроти дадените препораки до институциите, во Извештајот констатирано е дека дел се имплементирани, меѓутоа во поголемиот дел не се, и состојбите од година во година, се посочува, се исти и не се менуваат на подобро.
 
Во полициските станици, НПМ нагласува дека и понатаму се забележува недоволен број на униформирани полициски службеници, недостаток на соодветни услови за работа и непостоење на посебни простории за разговор со деца, а во дел од установите продолжуваат да постојат проблеми коишто со години се  повторуваат и покрај дадените препораки – здравствена заштита, пренатрупаност, недостаток на кадар и несоодветни материјални услови.

Заменик народниот правобранител Соња Трифуновска на презентација нагласи дека тимот на НПМ во 2025 година спровел вкупно 13 ненајавени посети, од нив, четири во полициски станици од општа надлежност, пет во казненопоправни и воспитно поправни установи, три во места каде што се сместуваат или задржуваат мигранти, странци и баратели на азил – од кои, две во полициски станици за гранична контрола и граничен надзор, како и една посета во психијатриска установа.

Реклама

– Констатираните состојби од овие посети покажуваат дека и натаму постојат сериозни системски предизвици во повеќе сегменти. Иако во одредени области се забележуваат придвижувања и напори за подобрување на состојбите, голем дел од проблемите на кои Националниот превентивен механизам укажува со години, остануваат актуелни и денес- нагласи Трифуновска.

И покрај континуираните укажувања на НПМ, Трифуновска посочува дека значителен дел од препораките сè уште не се целосно имплементирани. 

– Недостигот на кадар, недоволните материјални ресурси, ограничениот пристап до здравствени услуги, несоодветните услови во дел од установите и потребата од континуирана обука на персоналот не претставуваат изолирани проблеми на поединечни институции, туку системски предизвици кои бараат координиран и долгорочен институционален одговор. Сепак, искуството покажува дека превенцијата не може да биде успешна доколку не биде проследена со континуирана политичка волја, институционална посветеност и обезбедување на потребните ресурси – изјави Трифуновска.

Националниот превентивен механизам, нагласи Трифуновска, и понатаму се соочува со предизвици во обезбедувањето на надворешна експертиза неопходна за спроведување на дел од посетите. 

-Природата на нашиот 13. мандат бара вклучување на лекари, психолози, психијатри, социјални работници и други специјализирани профили, чие учество претставува суштински елемент на превентивниот пристап – посочи Трифуновска.
 
Трифуновска, исто така, потсети дека обврската за обезбедување услови за функционирање на Националниот превентивен механизам не произлегува само од домашното законодавство, туку и од меѓународните обврски што државата ги презела со ратификацијата на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура, нагласувајќи дека тоа е обврска на државата, но, истовремено, тоа е и мерило за зрелоста на едно демократско општество и за неговата посветеност кон владеењето на правото и човековите права.