Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Македонија меѓу лидерите во реформските процеси, исполнети 90 проценти од планот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија меѓу лидерите во реформските процеси, исполнети 90 проценти од планот за раст, за 100 процентен успех до 15-ти јули потребно е изгласување на изборниот законик, кој во моментов во Собранието е блокиран од опозициските СДСМ и Левица. Еврокомесарката Марта Кос, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, повика на консензус меѓу политичките партии со цел носење на овој закон.

-Спроведовте 90 проценти од 10-те реформи кои што требаше да се исполнат од 15-ти јули и тие последни 10 проценти секако се изборниот законик, кој што ќе биде усвоен. И тука ги повикувам сите партии за заеднички меѓупартиски консензус, за можеме да имаме 100 процентен успех, се надевам дека тоа ќе се случи, а кога тоа ќе се случи тоа ќе биде во полза на државата, изјави Кос.

Премиерот Мицкоски потенцира дека на измените во изборниот законик се работело со месеци, текстот бил усогласен меѓу сите партии, но проблемите почнале кога тој пристигнал во Собранието. Ја повика опозицијата да усогласи текст, кој ќе биде според препораките на ОБСЕ и ОДИХР и да се обезбеди гласање за Македонците од дијаспората.

Реклама

-Сега ова што се случува, овие неколку дена претставува политичка гимнастика и тоа е претпоставувам гимнастика за нивните поддржувачи, но суштината и вистината е оваа, се беше договорено, се беше завршено, додека тој предлог не требаше да дојде во Парламент. Договорете се вие во опозицијата, дадете ни текст, и ние тој текст ќе го прифатиме, нормално со вклучени препораки на ОБСЕ и ОДИХР и гласање на дијаспората, еве како ти ќе кажат, така ние ќе прифатиме, изјави Мицкоски.

Кос потенцираше дека Македонија ќе добие четири милиони евра само од евентуалното изгласување на изборниот зкаоник, во текот на нареднава недела, што е дел од пакетот предвидени 750 милиони евра.

-Ова не е некакво милосрдие, ние може да даваме заеми и грантови на Владите на земјите кандидати, во овој случај на Македонија, само ако тие испорачаат. И овој изборен законик е над четири милиони, за мене ова се навистина многу пари. 750 милиони се за земјата и Владата ќе го добие тоа откако ќе ги испорачаат реформите и Владата може да ги искористи тие пари за граѓаните, изјави Кос.

Македонија ќе продолжи активно и засилено да работи на реформската агенда. Премиерот очекува европската интеграција да стане процес кој се темели јасни критериуми, вредности, на исполнување европските обрски, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања, кои создаваат неизвеснот и фрустрација кај македонските граѓани.

-Ќе продолжиме со реформите, ќе ја зајакнуваме економијата, институциите и владеењето на правото, затоа што тоа е во интерес на граѓаните и затоа што европските вредности ги разбираме како вредности што треба да бидат дел од секојдневното функционирање на институциите. Истовремено, остануваме доследни на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано врз заемно почитување, заштита на националното достоинство и јасна, предвидлива европска перспектива, изјави Мицкоски.

Еврокомесарката ја повтори пораката дека единствен начин да ги започнеме преговорите се уставни измени. Потенцира дека иако нема напредок во спорот со Бугарија, темпото на реформи не смее да забави. Таа потенцираше дека една од добрите вести за земјава е што Македонија се приклучила кон програмата за здравство на ЕУ, со што се отвора патот за финансиски средстава за подобрување на здравствениот систем, со што ќе се зголеми способноста на земјата да одговори при итни случаи. Најави и вклучување во делот на сајбер безбедноста, во рамките на програмите на ЕУ.

Матеја Петровски