Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност

Со дипломатскиот преседан од страна на Бугарија, односно со објавувањето на документ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со дипломатскиот преседан од страна на Бугарија, односно со објавувањето на документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство, македонската јавност очекуваше јасна осуда и извинување од официјална Софија. Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение. 

Наместо тоа, добивме извртување на темата и бегање од одговорност.

Од друга страна пак, од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција.

Реклама

Почитувани граѓани, молкот на Филипче е негов политички избор. Исто како што никогаш не реагира кога од Бугарија се негираат македонскиот јазик, идентитетот, историјата и културата, така и сега избра да премолчи дипломатски скандал без преседан.

Со таквиот однос Филипче испраќа порака дека за него е поважно да не ги наруши односите со своите политички истомисленици во Бугарија, отколку да застане во одбрана на македонските државни интереси.