Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Панов: Вториот протокол со Бугарија беше услов за францускиот предлог

Без вториот билатерален протокол за Македонија немаше да има ниту француски предлог.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без вториот билатерален протокол за Македонија немаше да има ниту француски предлог. На брза лента во Собранието на слепо се гласаа барањата 5+1 со обврзувачки датуми, со што, Бугарија се што услови си стави на хартија, а македонската влада се обврза да го исполни. За историчарот Митко Панов, неспорно е дека протоколите со Бугарија се дел од преговарачката рамка, а со тоа и Договорот за добрососедство, иако власта сега се обидува да прикаже спротивно.   

  • „Се што досега побара Бугарија, оние 5+1 барање, веќе се исплементирани во Протоколот што всушност е анекс на Договорот за пријателство и добрососедство. И се што е таму пропуштено да се нотира, сега се нотира преку вториот билатерален протокол. И таму исто така, се дава мандати на комисијата, за разлика од Договорот за добрососедство.. Што значи дека сите барања се интегрирани и стануваат дел од преговарачкиот процес, наспроти тоа што политичкото раководство сега се обидува да го претстави пред јавноста“ вели Митко Панов, историчар, Институт за национална историја.  

И не само дел, македонската историја стана услов од преговарачката рамка со Унијата, вели Панов. А дека работата на мешовитата историска комисија станува индикатор за тоа до каде се добрососедските односи, одвен Бугарија, не потсетува и Европската Унија. Извештајот на Советот, децидно вели Панов, ни укажува дека треба да ги реализација на договорите со Грција и Бугарија.  

  • „Во заклучоците на ЕУ, во точка 2, посебно се нотира, дека на патот на Македонија кон ЕУ, Советот потсетува на важноста на постигнување видливи резултати и спроведување на добра волја на билатералните договори, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија. Значи  Договорот со Бугарија е клучниот фактор кој што ќе се проценува дали Македонија ги задоволува критериумите односно дали ќе биде Бугарија задоволна“ вели Панов.

Настапот на Османи со таблата едноставно како манипулација го оценија повеќе експерти, дипломати, новинари.. Големи беа и реакциите дека во моментов македонскиот народ не ги носи одлуките за своите идентитетски прашања, кои се услови во потпишување штетни договори за Македонија.

Реклама

https://youtu.be/G1BLPV_w07I