Реклама

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни за граѓаните и транспортот

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Нов земјотрес во Венецуела, продолжува потрагата по преживеани под урнатините

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата

Истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија продолжува – Се проверува цел синџир

Македонија

Општина Ѓорче Петров одбележа 105 години од смртта на Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров денеска ја одбележа 105-годишнината од смртта на својот патрон,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров денеска ја одбележа 105-годишнината од смртта на својот патрон, македонскиот револуционер, просветител и идеолог Ѓорче Петров. Пред неговото спомен-обележје во реонскиот парк, беше положено цвеќе и беше оддадена почит на еден од најзначајните дејци во македонската национална историја.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани, како и бројни граѓани.

Во своето обраќање, градоначалникот Стојкоски истакна дека и по 105 години од неговото трагично заминување, делото на Ѓорче Петров продолжува да живее во колективната меморија на македонскиот народ и да претставува трајна инспирација за сегашните и идните генерации.

Реклама

-Ѓорче Петров не е само име на нашата општина. Тој е вредност што сме должни да ја живееме секој ден. Тоа име не обврзува да бидеме достојни наследници на неговата визија, да инвестираме во образованието, младите, спортот и културата и да создаваме подобри услови за живот за сите наши сограѓани – рече Стојкоски.

Тој порача дека вистинската почит кон делото на Ѓорче Петров не се изразува само преку одбележувањето на значајните датуми, туку и преку секојдневната работа, одговорноста кон заедницата и вложувањето во иднината.

Одбележувањето на 105-годишнината од смртта на Ѓорче Петров претставува потсетник дека неговите идеали – слободата, достоинството, знаењето и љубовта кон татковината остануваат вредности што и денес го трасираат патот на македонското општество.