Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања – првпат извршена во Македонија

Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство.

Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања кај кои класичните испитувања не секогаш ги откриваат причините за симптомите.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк:

Реклама

-Ова е значаен чекор кон модернизација на кардиолошката дијагностика во нашата земја и уште еден показател дека нашите здравствени установи чекорат во чекор со најсовремените светски трендови во медицината. Честитки до целиот тим на ГОБ „8ми Септември” за посветеноста и професионализмот – нагласува МЗ.