Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Николоски: Инвестирани над четири милиони евра во Неготино, многубројни проекти за комплетно нова слика на општината

Речиси 246 милиони денари или над четири милиони евра се инвестираат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 246 милиони денари или над четири милиони евра се инвестираат во инфраструктурни проекти во Неготино. Дел од проектите е изградба на улици, водоводни и канализациски системи, паркови, кружен тек, плоштад…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека сето тоа многу значи и за локалното население и за локалното стопанство.

– Драго ми е што градоначалничката внесе една нова енергија и се забрзуваат голем број проекти со поддршката од Советот, поддршката од Владата и лично од премиерот Мицкоски. Имаме комплетно нова слика за општината Неготино. Мислам дека тоа многу значи и за локалното население и за локалното стопанство. Во моментот, само преку програми кои се од Владата преку Министерството за транспорт, се инвестираат речиси 246 милиони денари или над четири милиони евра во изградба на улици, водоводни и канализациски системи, паркови, кружен тек, плоштад, така што многубројни се проектите што се работат и ќе се работат во Неготино – порача Николоски, кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на Неготино.

Реклама

Најави дека и во следниот период ќе продолжи поддршката кон локалната самоуправа и дека ќе се разговара за нови проекти.