Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Нема парно во детската болница „Козле“, родители се жалат дека децата наместо да се лекуваат се доразболуваат

Наместо да се лекуваат, дополнително се разболуваат. Мајки кои со своите деца…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да се лекуваат, дополнително се разболуваат. Мајки кои со своите деца лежат во детската болница „Козле“, се жалат дека со денови нема парно. Зад камера, полни со поплаки се и лекарите во болницата. Екипа на Алфа беше во „Козле“. Не дочекаа студени ходници и амбуланти, но и ветување од менаџментот дека наскоро проблемот ќе бил надминат.

Смрзнувачка во детската болница „Козле“. Пациенти се жалат дека нема греење во собите каде што лежат заедно со своите бебиња. Мајка на три месечно бебе реагира дека ова е нечовечки чин и бара овој проблем да се реши. Во изјава за Алфа вели дека во болницата повеќе се разболуваат, отколку што оздравуваат. Рече дека немало парно греење ниту во болничките соби, ниту пак во амбулантите.

  • Нема парно. Веќе три дена како сме тука нема, а грејната сезона почна. Јас сум со мало бебе од три месеци и мислам дека е некоректно ова да ни се случува. Наместо да оздрави бебето, ние се доразболуваме, и мислам дека треба ова да го решат веднаш, зашто ноќите се навистина студени, реагира мајка на бебе кои се на лекување во „Козле“.

Дека детската болница „Козле“ има проблем со парното греење потврдија и од таму, но сепак не сакаа да дадат дополнителни изјави околу настанатиот проблем. Во разговор за Алфа од менаџментот рекоа дека проблемот ќе биде надминат, и сега пуштале греалки за затоплување на просториите.  

Реклама

Алфа беше во детската болница „Козле“ и навистина ходниците и амбулантите беа студени, но затоа во канцелариите на надлежните беше топло, но не и во болничките соби.

Дека нема парно греење во болницата реагира и персоналот, кој не сакаше јавно да зборува. Најголемо е незадоволството има кај докторите, бидејќи во некои оддели немало топла вода за да ги измијат рацете.

Економскиот директор во разговор за Алфа рече дека сепак температурата била поволна и дека наскоро ќе проработел системот за греење во болницата. Грејната сезона почна на 15-ти месецов и ќе трае до 15 април.

Борис Грујоски