Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Нема одлука каде ќе биде дислоциран отровниот отпад кој беше откриен кај селото Орман

Се уште нема одлука, каде ќе се дислоцираат над 500 тони токсичен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се уште нема одлука, каде ќе се дислоцираат над 500 тони токсичен отпад од скопското село Орман. По две недели откако општиснки инспектор ја открил депонијата и пријавил во Министерството за животна средина, на терен конечно излегоа од државниот инспекторат. Тие, заедно со акредитирана лабараторија земаа примероци од материјата за која велат дека е олово од уништени акумулатори.

  • „Во моментот во Македонија нема инсталација која што може да врши третман на ваквиот отпад. Имаме две инсталации со А интегрирана дозвола, една е во Пробиштип и една е овде, во Чучер Сандево. Тие имаат дозвола отпадот при рециклирањето соодветно да го складираат и потоа да го предадат на овластена фирма.“ – Појасни директорот на државен инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

По земените примероци, инспекторите се упатија во компанијата која работи на 2,5 километри од местото. Се утврдува дали фирмата „Рецикл-Еко Старт“ е одговорна за складирање на стотици тони опасен отпад. Според информациите, сопственикот на земјиштето не е поврзан со фирмата и не знаел што се складира на неговиот имот.

Според градоначалникот на Ѓорче Петров, проблем ќе биде како и каде понатаму ќе се складира отпадот.

Реклама
  • „Проблем е каде ќе се исчисти тој отпад, бидејќи ние во Македонија депонија за таков тип на отпад немаме. Немаме депонија со А-интегрирана дозвола и претпоставувам дека таква депонија треба да се најде некаде во соседството. Еве ме информираа дека во Велес има милиони тони таков отпад којшто стои на отворено претпоставувам од истата причина и тука се усложнува целата работа“, вели Градоначалникот Стојковски.

Мештаните со кои разговаравме се загрижени. Велат, тука постојано се создаваат нови депонии, а на Скопје му се заканува еколошка катастрофа.

Државните инспектори на 18 октомври издале решение сопствениците на земјиштето да го дислоцираат опасниот отпад. Тече рокот од 30 дена. Доколку се утврди одговорност на фирмата „Рецикл-Еко Старт“ може да биде задолжена да го врати назад на своја локација од каде е направен или пак да направи извоз на отпадот. Ако загадувањето со опасен отпад е од големи размери, може да се отвори кривична постапка. Казните за фирмата можат да бидат максимум до 98.000 евра во зависност од големината на компанијата.

Никола Цветкоски