Реклама

Еуроњуз: ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во реформите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Економија

Над 4.500 апликации за мерката самовработување се доставени до Агенцијата за вработување, конкурсот завршува утре

Во Агенцијата за вработување-Штип до денеска за мерката самовработување аплицирале 60 лица,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Агенцијата за вработување-Штип до денеска за мерката самовработување аплицирале 60 лица, а на нивно на држава е над 4.500 апликации, истакна денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, кој заедно со градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска, и заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова ја посетија агенцијата и на лице место се информираа како тече овој процес. Ристески ги охрабрува невработените лица кои се активни баратели на работа, посебно младите до 29 години да аплицираат за оваа мерка.

-Конкурсот трае до утре и уште можат да ги поднесат своите бизнис-идеи. Шансата за да добијат грант за отворање на бизнис е многу голема. Досега имаме информација дека има преку 60 апликации, меѓутоа очекуваме таа бројка овие два дена да стане и многу поголема. ​Да ги напоменам бенефитите од оваа мерка: ​Лицата до 29 години добиваат грант од 10.000 евра. ​Над 29 години добиваат 7.000 евра. ​Ако се здружат во друштво со ограничена одговорност (ДОО), добиваат 20.000 евра (млади лица до 29 години) или повозрасните над 29 години, ако се здружат, добиваат до 14.000 евра. ​Новитет во оваа мерка е тоа што можат и повратници да аплицираат. Повратници, на пример до 29 години, ќе добијат плус 10 отсто бонус од мерката. Или, ако таа е 10.000 евра, тие би добиле 11.000 евра, и сите суми така се одредени – да има бонус од 10 проценти за секој којшто ќе аплицира на било која од овие три мерки во самовработување- појасни Ристески.

Посочи дека Оперативниот план е историски најголем и изнесува 40 милиони евра, а за оваа мерка, која е најатрактивна, се предвидени 22,3 милиони евра. Ристески додаде дека целта на Владата и на Министерството за економија и труд е да им помогнат на младите да отворат свој бизнис, како и на сите категории невработени лица, вклучувајќи ги и оние категории кои што подолго време бараат работа во Агенцијата за вработување – Ромите, жените, ранливите категории итн. ​

Реклама

-Одлична можност, имаме многу мерки во Оперативниот план, а и понатаму ќе бидат објавувани мерка по мерка, така што очекуваме оваа година да ја надминеме и онаа бројка, односно процент на искористеност од претходната година на Оперативниот план, кој беше доста висок – 93 проценти. Оваа година очекуваме тој процент да оди над 95 проценти. ​Интересот е многу голем во Македонија, имаме преку 4 и пол илјади апликации, а очекуваме бројката на апликации да стигне над 5.000 до крајот на утрешниот ден. ​И едно да кажам што е многу битно: значи, не е целта да ги дадеме парите, тие да отворат бизнис и да ги оставиме така. Едноставно, ние ќе ги мониторираме во целиот тој процес за да застанат здраво, на здрави нозе нивните бизниси, бидејќи сакаме да продуцираме одржливи бизниси, а не бизниси кои денеска ќе отворат, а утре ќе затворат- подвеле Ристески.

Тој истакна дека оваа мерка навистина помага за отворање на одржливи бизниси, ато аго покажува и фактот што процентот на опстојување на бизнисите отворени со мерката самовработување е од 70 до 80 проценти секоја година и како што рече „тоа ни овозможува, прво, да ја намалиме невработеноста во Македонија, да помогнеме на локалната економија и на општините преку отворање на вакви микро и мали бизниси, и исто така да овозможиме младите и работно способни луѓе да останат во државата, а не да ја напуштаат Македонија“. 

​Заменик директорката на Агенцијата за вработување, Пешова истакна дека наредната мерка која што ќе ја објават е директно вработување од Оперативниот план за што обезбедуваат две мерки. 

-Тоа е мерката самовработување и помош на правни субјекти за вработување на невработени лица и млади до 29 години со одредени субвенционирања. Таа ќе биде наредната мерка која што ќе ја објавиме. ​Како податок, еве за ланската година да знаете за што станува збор, од тие две мерки директно во Македонија се вработиле 4.500 луѓе, од коишто преку 60 проценти се млади до 29 години. Значи, тоа е навистина голем процент, со цел да се намали и да се постигне помал процент на невработеност во Македонија-рече Пешова.

Директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска рече дека на апликантите им беше подготвен прирачник, кој што ќе им помогне при првичната апликација во Агенцијата за вработување. 

-​А потоа, кога ќе го добиеме списокот на апликанти од страна на Агенцијата за вработување, секој апликант ќе биде исконтактиран од наша страна, каде што ќе добие username (корисничко име) и password (лозинка), преку кои ќе може сам да си одбере советник со којшто ќе сака понатаму да го изработува бизнис планот, од каталогот на советници со којшто располага Агенцијата, а кој број е преку 300, од кои 180 се директно овластени за изработка на бизнис планови. ​Апликантот, заедно со советникот, го изработуваат бизнис планот. Секако, си го одбира согласно тоа што е неговата бизнис идеја, ја гледа биографијата и експертизата на советникот и заедно го креираат бизнис планот- изјави Димовска.

Таа информираше дека ​во меѓувреме, од нивна страна се формира експертска Комисија која што е претежно составена од банкари кои што работат на кредитирање на бизниси и имаат огромно искуство во оваа област, кои подоцна ќе ги евалуираат, ќе ги оценуваат, и најдобрите бизнис планови, односно апликантите со најдобрите бизнис планови, повторно се доставуваат до Агенцијата за вработување, каде што ќе одат на последната комисија составена од членови на сите релевантни институции, и се носи конечната одлука за тоа кој ќе добие грант.

– ​Паралелно со тоа, од страна на Агенцијата, секој апликант којшто сака да си основа сопствен бизнис, задолжително ќе мора да посети четиридневна обука на којашто дополнително ќе им се зголеми претприемачкиот дух на апликантите и, секако, ќе се запознаат со почетоците за основање на сопствен бизнис. ​И за да не застанеме откако ќе го основаат сопствениот бизнис, во рамките на Оперативниот план им нудиме можност за менторска поддршка во времетраење од шест месеци, којашто ја работиме по јапонски стандарди, бидејќи имаме проект од ЏАЈКА (JICA) – Јапонската агенција за меѓународна соработка, која подоцна на апликантите ќе им овозможи раст и развој на нивниот бизнис- рече Димовска.