Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Муцунски во Катар: Потврдена заложбата за унапредување на соработката во одбраната и безбедноста

Во рамките на работната посета на Катар, министерот за надворешни работи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на работната посета на Катар, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска остварил средба со заменик-претседателот на Владата и државен министер за одбрана на Катар, шеикот Сауд бин Абдулрахман бин Хасан бин Али ал-Тани.

Како што објави Муцунски на „Фејсбук“, на средбата биле разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и одбраната, а биле разменети и мислења за актуелните регионални и меѓународни безбедносни предизвици.

– Разговаравме за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и одбраната. Разменивме и мислења за актуелните регионални и меѓународни безбедносни предизвици. Ја истакнав нашата улога како земја членка на НАТО и ја поздравив улогата на Катар како важен партнер на алијансата – стои во објавата.

Реклама

Дополнува дека на средбата била потврдена и заедничката заложба за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста преку зајакнување на дијалогот и унапредување на билатералната и мултилатералната соработка.