Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Мицкоски: Очекувам реалната нето-плата и годинава да биде во позитива, во 2024 година растот на платите беше над 12 отсто, а во време на СДСМ беше во негатива

Премиерот Христијан Мицкоски очекува и во тековната година реалната нето-плата да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува и во тековната година реалната нето-плата да биде во позитива и, како што рече, во споредба со минатото, резултатите се три-четирипати подобри. Во одговор на новинарско прашање дека СДСМ го обвинуваат оти нема задоволително темпо на раст на платите, Мицкоски рече дека во 2024 година растот на платите бил над 12 отсто, во 2025 е приближно 6 отсто, а истиот резултат го очекува и оваа година. 

– Да, јас ги слушам изјавите на раководството на СДСМ. Честопати велам дека ние мораме да се споредуваме со нешто. Ние не можеме да работиме по чувство и најчесто треба да се споредуваме со успесите или неуспесите на претходната влада или на некои претходни влади. Ако се спореди тоа што го испорачуваа претходната влада на СДСМ и Демократската унија за интеграција, каде што реалната нето-плата беше негативна, односно минус 2, и во 2024 и во 2025, а и во 2026 година, јас очекувам дека реалната нето-плата ќе биде во позитива – вели Мицкоски. 

Забележа дека ова не е доволно и треба повеќе да се работи, но, како што рече, треба да се имаат предвид и обврските што ги имаат наследено од претходната влада на СДСМ и ДУИ, а кои до крајот на годината се речиси една милијарда евра. 

Реклама

– Во овие две години Влада, успеавме да сервисираме и да обезбедиме ликвидност за обврските што ги остави претходната влада од 4,6 милијарди евра. Тоа се навистина предизвикувачки бројки. Но, со домаќинска работа успеавме сето тоа да го сервисираме и така очекувам да продолжиме и во периодот што следува. Такви ќе бидат и 2027 и 2028 година. Секоја година имаме по една еврообврзница за враќање, камати што се трипати поголеми од оние пред 10 години – вели Мицкоски. 

Тој додаде дека резултатите се неспоредливи, односно разликата е три, четири, петпати во одредени области во споредба со перформансите на претходната влада.