Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Мицкоски за автопатот Скопје – Блаце: Избран е изведувач и в понеделник и официјално ќе биде потпишан договорот

Избрана е градежната фирма што ќе го гради автопатот Скопје – Блаце,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избрана е градежната фирма што ќе го гради автопатот Скопје – Блаце, а в понеделник ќе биде потпишан и официјален договор, со што месецов се очекува да почне изградбата на оваа делница – најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашањето до каде се подготовките за овој проект.

– Таа тема се говореше во јавноста со децении. Успешно е завршена целокупната постапка, избран е изведувач и в понеделник и официјално ќе биде потпишан договорот. Очекувам овој месец да почне и изработката на оваа делница, така што и ова, би рекол, условно кажано, негативно наследство од минатото, се решава – изјави Мицкоски. 

Тој додаде дека проблемите што ги затекнале како Влада се илјадници и, вели, еден по еден ги решаваат. 

Реклама

– Сега ние не можеме наеднаш сите да ги решиме бидејќи немаме толку ресурси, но еден по еден ги решаваме. Еден од тие приоритети што успеавме да го решиме е токму и овој предизвик, конечно оваа делница, овие осум километри, да бидат завршени – вели Мицкоски.