Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Мицевски: Ќе продолжиме да работиме за да ги донесеме реформските закони

Ќе продолжиме да работиме за да ги донесеме реформските закони. Нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе продолжиме да работиме за да ги донесеме реформските закони. Нема да дозволиме деструктивните партии СДСМ и ДУИ да го закочат овој процес, рече вечерва координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, откако по неколку паузи продолжи собраниска седница на чиј дневен ред во моментов е дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка.

-Разговаравме на паузата и општата констатација на пратениците, но и на граѓаните од кои добивме повици во текот на паузата, е дека нема да дозволиме деструктивните партии СДСМ и ДУИ да ја кочат работата и да не се донесат реформските закони. Пратениците тоа го одобрија, и еве сега, пред сите, ви порачуваме дека она што значи реформа на државата, а што не успеавте вие седум години да го направите, нема да дозволиме да се закочи ниту оваа вечер. Ќе продолжиме да работиме и сите реформски закони што ги бара Европската комисија од нас и кои значат напредок на државата, а не ги направивте вие, ќе бидат направени од ова парламентарно мнозинство, истакна Мицевски.

Тој изрази надеж дека СДСМ и ДУИ, како што рече, ќе престанат со опструкциите.

Реклама

-Се надевам дека ќе прекинете со опструкцијата на комисиите што беа закажани, а кои организирано ги правевте и СДСМ и ДУИ, зашто и министрите кои се одговорни за тие работи вечерва се тука, меѓутоа не знам од која причина, вие најдобро знаете, ги кочите да се донесат и да се организираат, но тоа е ваше право. Ние ќе продолжиме да работиме и реформските закони во рокот до 30 јули што е одреден како датум посебно за дел од реформските закони, се надевам дека ќе успееме да го донесеме. Со ваши опструкции или без, ние сме тука да работиме до последниот термин, подвлече Мицевски. 

На тоа, процедурално, му одговори координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски. 

-Не станува збор за кочење или опструкции. Вие побаравте пауза, а до сега ќе ја завршевме седницата. И ние сме тука да работиме, нема потреба за тоа да дебатираме, рече Спасовски. 

И координаторката на Европски фронт, Рина Ајдари, процедурално се јави за збор.

-Со внимание го слушав Мицевски. Тој е сведок дека од утрово сме тука. Јас побарав од претседавачот да ги изброи пратениците, бидејќи имаше кворум за работа. Изнесовте навреда за СДСМ и ДУИ, а мајстори сте за деструктивно однесување. Заборавивте како функциониравте пред овој мандат, со активна блокада. Многу добро ја знаете оваа работа со блокирање на Собранието, но ние сме конструктивни. Ние сме тука цел ден, на работните места, вие почнавте да не ги ставате точките од дневниот ред на гласање, вие ја почнавте оваа постапка, посочи Ајдари.

На пратеникот Халил Снопче не му беше јасно што сака да каже Мицевски.

-Побаравте пауза да се конаултирате иако за тоа немаше потреба, сега не ми е јасно што кажавте.  Па нормално дека ќе работиме, зошто сме тука? Сега мене ми треба консултација, што сакавте да кажете со процедуралното јавување?, рече Снопче.

Потoа за збор се јави Оливер Спасовески, осврнувајќи се на дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование. Спасовски, како и за претходните законски измени – за основно образование, констатира дека ќе резултираат со затворање училишта и отпуштања на професори.

-Ова е второ решение понудено од пратеници. И со овој закон се предвидува можноста да се намалуваат паралелките и да се затвораат училишта. Се поставува прашањето, дали ќе опстанат средните школи во некои од помалите градови и со колку паралелки ќе функционираат. Намалувањето на паралелките ќе значи намалување и на бројот на професори, рече Спасовски. 

На тоа остро реагираше Емилија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ, која е еден од предлагачите на законот.

-Цел ден слушаме демагогии дека работиме против наставниците и професорите, не ви е незгодно што наеднаш станавте спасители на државата? Не сакате да се направат порменити, сакате Македонија да продолжи да тоне? Цел ден исто зборувате – ќе се отпуштале наставници. Нема воопшто вистина во тоа. Вие не зборувате за законот, туку против Владата. Ќе мора да трпите промени, зашто оставивте хаос, истакна Ангелова, повторувајќи уште еднаш дека ниту еден наставник со законските измени нема да биде отпуштен.

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини Спасовски дека лаже и уште еднаш повтори дека по донесувањето на законските измени, ниту еден професор нема да биде отпуштен од работа. Овој закон, потенцира Стојаноски, нема да уништи ниту една човечка судбина. 

Даниела Николова од СДСМ порача да не се експериментира со наставниците и учениците.

-Никако министерката да сфати дека образованието не е експериментален терен. Ја замолувам да покаже одговорност, да престане да експериментира со наставниците и учениците. Не смее учениците да бидат жртви на вакви лоши политики, нагласи Николова.

Пратениците попладнево го завршија општиот претрес на измените на Законот за основно образование. Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска не го стави законот на гласање, туку рече дека пратениците дополнително ќе бидат известени кога ќе се гласа за оваа точка. На тоа реагираше координаторката на Европскиот фронт, Рина Ајдари од ДУИ. Таа праша зошто не може да се гласа, кога има кворум. Притоа побара да се утврди бројот на пратеницитете во салата и законските измени да бидат ставени на гласање или, во спротивно, како што напомена, да биде дадена пауза од еден час. Бендевска даде пауза, по која пратеникот Бобан Карапејовски од ЗНАМ повторно побара пауза.