Реклама

Нов земјотрес во Венецуела, продолжува потрагата по преживеани под урнатините

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата

Истрагата за петте тони марихуана запленети во Србија продолжува – Се проверува цел синџир

Тошковски со отчет: Најнизок криминалитет во последните 20 години, за 300 проценти зголемена заплена на кокаин, „Сејф Сити“ спасува животи

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Отчет на министерот Андоновски за проектите и активностите во изминатите две години

Измени во Законот за игри на среќа – ќе помогнат ли за намалување на зависноста од коцкање?

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Македонија

Меџити: Меѓуалбанската соработка не треба да остане само идеја за што зборуваме, туку да се претвори во конкретни проекти

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше на Регионалната конференција „Младинската дипломатија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше на Регионалната конференција „Младинската дипломатија како инструмент на меѓуалбанската соработка и европската интеграција“, организирана од Албанскиот младински форум, каде што говореше за значењето на зајакнувањето на меѓуалбанската соработка и улогата на младите во процесот на европска интеграција, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

Во своето обраќање, Меџити истакнал дека образованието, културата, економијата и туризмот треба да бидат главните столбови на меѓуалбанската соработка, посочувајќи и конкретни иницијативи што веќе се реализираат, како Албанскиот саем во Скопје и Меѓународниот музички фестивал што ќе се одржи во Старата чаршија.

– Меѓуалбанската соработка не треба да остане само идеја за што зборуваме, туку да се претвори во конкретни проекти што ќе создадат нови можности за граѓаните, особено за младите. Само преку меѓусебна доверба, соработка и заеднички ангажман можеме да изградиме подобра иднина за Албанците каде и да живеат – нагласил Меџити.

Реклама

На конференцијата учествувале институционални, политички и академски претставници, како и млади од Албанија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Прешевската Долина, со цел зајакнување на меѓуалбанската соработка и промовирање на улогата на младите во европските интегративни процеси.