Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Меѓународна изложба на мотоцикли во Паркот на Франкофонија

Над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија ќе бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија ќе бидат изложени во Паркот на Франкофонија денеска од 12 до 18 часот во рамките на петтото издание на меѓународната манифестација  „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026“, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам.

Како што соопштуваат од Општина Центар, посетителите ќе имаат можност да разгледаат уникатни примероци на мотоцикли во повеќе категории, уметнички дела, односно цртежи изработени на самите мотоцикли, а ќе бидат доделени и награди (вредносни ваучери од спонзори) за најдобрите примероци на мотоцикли во различни класи.

– Ги поканувам сите граѓани, а пред сè љубителите на моторите и моторџиската култура, да го посетат овој атрактивен настан и да се препуштат на едно посебно искуство на дружење, добра музика и уметност. Општина Центар продолжува да поддржува манифестации кои ја збогатуваат разновидната културна понуда и го прават Центар препознатливо место за квалитетни содржини – порача градоначалникот на Општина Центар  Горан Герасимовски.

Реклама

Програмата ќе биде збогатена и со настапите на блуз и рок групите In The Mood & Band, Eruption и Saigon.