Реклама

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Михалис Рокас со пофалби за реформите: ЕУ гледа голем напредок во реформската агенда на Македонија

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Нова економска реалност: Одржливоста станува клуч за економскиот развој

Економија

МЕРМС: Гасниот интерконектор со Грција напредува според планот, завршувањето се очекува следната година

Гасоводниот интерконектор со Грција ќе биде завршен во текот на наредната година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гасоводниот интерконектор со Грција ќе биде завршен во текот на наредната година, во согласност со утврдените рокови и планови за реализација, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде денеска се одржала средба на ресорната министерка Сања Божиновска, со извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, и главната извршна директорка на грчкиот оператор на системот за пренос на природен гас ДЕСФА, Марија Сферуца.

На средбата биле разгледани тековните активности за изградба на интерконекторот на двете страни од границата, како и динамиката за реализација на договорните обврски.

– Во фокусот на разговорите беше потврдената заедничка определба проектот да се реализира во согласност со утврдените рокови, преку интензивна координација меѓу институциите и операторите, со цел да се обезбеди нов, сигурен и диверзифициран пристап до природен гас за Македонија. На средбите беше потврдена заедничката оценка дека гасоводниот интерконектор ќе биде завршен во текот на наредната година, во согласност со утврдените рокови и планови за реализација – велат од МЕРМС.

Реклама

На средбата меѓу министерката Божиновска и главната извршна директорка на ДЕСФА, Сферуца посебен акцент бил ставен и на регионалната иницијатива „Вертикален гасен коридор“, која, потенцираат од МЕРМС, претставува значајна можност за унапредување на енергетската поврзаност, зајакнување на сигурноста во снабдувањето и интеграција на националните пазари во пошироките европски енергетски текови.

– Гасоводниот интерконектор со Грција е стратешки проект кој директно ја зајакнува енергетската безбедност на државата и отвора нови можности за диверзификација на снабдувањето. Нашата цел е Македонија да обезбеди стабилен пристап до различни извори и правци на енергија, а ваквите инфраструктурни поврзувања се клучни за поголема независност, конкурентност и отпорност на енергетскиот систем –  истакнала министерката Сања Божиновска.

Извршниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, нагласил дека успешната реализација на проектот бара континуирана координација и партнерство меѓу сите вклучени страни, додека главната извршна директорка на ДЕСФА, Марија Сферуца, ја потврдила посветеноста на грчкиот оператор за навремена и успешна реализација на интерконекторот.

– Гасоводниот интерконектор со Грција претставува клучна инвестиција во енергетската иднина на Македонија. Со неговата реализација, државата ќе обезбеди пристап до нови извори на природен гас, ќе ја зајакне сопствената енергетска сигурност и ќе го унапреди своето позиционирање во регионалната и европската енергетска инфраструктура – потенцираат од МЕРМС.

Изградбата на гасоводниот интерконектор, чија делница на македонска страна е во должина од 66,7 проценти, почна на 9 јули лани. Ќе има иницијален капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, со можност да се зголеми до три милијарди кубни метри. Вредноста на проектот е околу 3,7 милијарди денари (60 милиони евра). Средствата се обезбедени со заеми од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 28,9 милиони евра и од ЕБОР од 45 милиони евра како и инвестициски грант од 12,5 милиони евра преку ИПА инструментот на Европската Унија.