Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Економија

Македонската и хрватската Царина со заедничка платформа за соработка со бизнис-заедницата

Царинските управи на Македонија и Хрватска креираат заедничка платформа за соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинските управи на Македонија и Хрватска креираат заедничка платформа за соработка со бизнис-заедницата, со што ќе се овозможи олеснување на легалната трговија и зголемување на трговската размена меѓу државите.

На денешната средба на високо ниво меѓу делегации на царинските управи на Северна Македонија и Хрватска, предводени од директорите Бобан Николовски и Марио Демировиќ, и претставници од стопанските комори и од асоцијацијата на превозници, се дискутирало за предизвиците со кои се соочува бизнис-заедницата, како и за можностите од нивно надминување преку поедноставување на царинските процедури, намалување на административниот товар за транспортерите и времето на чекање на границите, имплементација на современи решенија и понатамошна дигитализација на процесите, како и за можностите за приоритетен третман за доверливи економски оператори.

– Со оваа средба испраќаме и силна порака: дека институциите навистина се сервис на економијата. Дека границите треба да бидат место на контрола на ризикот, а не бариера за легалната трговија. Царинските администрации од регионот и Европската Унија може да работат како вистински партнери во интерес на економијата, конкурентноста и интеграцијата на нашите пазари. Оваа иницијатива ќе ја преточиме во конкретна оперативна соработка, која треба да донесе мерливи резултати за економските оператори, компаниите, транспортерите и граѓаните на двете држави – истакнал директорот на Царинската управа, Николовски.

Реклама

Директорот на хрватската Царина порачал дека целта е да се изгради партнерски однос со стопанството од двете земји, заснован на доверба, транспарентност и постојана комуникација.

– Денешната средба претставува одлична основа за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Хрватска и Македонија. Ефикасната соработка помеѓу двете царини ќе биде основа за  развој на економиите на двете земји – нагласил Демировиќ.

Присутните претставници од Стопанската комора, Сојузот на стопанските комори и Асоцијацијата на превозниците „Макам транс“ од Македонија, како што соопшти Царинската управа, ја поздравиле иницијативата за заедничка платформа истакнувајќи дека ова е прва средба од ваков вид и е пример на успешно партнерство со институциите како клучно во зголемување на конкурентноста на економиите.