Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини

Македонија и Албанија денеска ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Албанија денеска ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. 

Со ова, како што истакна Тошковски во отчетот за сработеното, се заокружува системот One Stop со сите соседни земји надвор од Шенген зоната, по премините со Србија и Косово.

-Денеска потпишуваме договор со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини. Со ова го заокружуваме системот One Stop со сите соседни земји надвор од Шенген зоната, по премините со Србија и Косово, информира министерот. 

Реклама

Според СВР Охрид, потпишувањето е предвидено за 14 часот, на граничниот премин Блато. Договорот за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави ќе го потпишат министерот Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Љамалари. Веднаш по потпишувањето се планирани и изјави од двајцата министри.