Лажна дојава за поставени бомби преку електронска пошта пристигна во осум скопски училишта. Пријавата стигнала првично до пет средни училишта во Скопје, гимназиите „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски – Корчагин“ и во стручното „Боро Петрушевски“, а подоцна била испратени уште во три. Средношколците заедно со професорите и техничкиот персонал на пладне беа евакуирани, а антитерористичките екипи од Министерството за внатрешни работи неколку часа пребаруваа по училиштатата.
- „Паралелно со проверките на лице место со антитористичките екипи, работиме и на истрагата и потрага по заканувачот, и кога ќе биде комплетно расчистено ќе ја известиме јавноста“, известија од МВР.
Наставата од прва смена беше прекината, а на оние, кои требаше да бидат втора смена, им било кажано да не влегуваат во училиштата, ниту во училишните дворови додека трае безбедносната проверка.
- „Втора смена сме и ни рекоа да не влегуваме во училиштето, ниту во училиштниот двор. Не ни кажаа што е точната причина, но веста за дојава за бомба се рашири меѓу нас учениците“, изјави двајца средношколци од гимназијата „Никола Карев“.
Реакција веднаш стигна од Сојузот на средношколци. Изразија загриженост и бараат поголема безбедност во училиштата.

- Ги повикуваме нашите соученици да бидат смирени бидејќи паниката е нашиот најголем непријател во овие ситуации. Безбедностите и училишните служби да бидат професионални и методични во работењето на за да се заштитат средношколците и сите останати вклучени во образовниот процес, се вели во соопштението.
Испраќачот на лажната закана сè уште не е познат. МВР работи на негово откривање. Инаку ова е втора дојава во последната недела. Пред неколку дена, емаил пошта стигна и од вработен во ЈСП за поставена бомба поради тоа што во јавниот градски превоз немаа земано плата.
Викторија Миткова
