Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Дурмиши: Никој нема да остане без можност за аплицирање за грант за самовработување, ќе се продолжи рокот ако има потреба

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска го посети Центарот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска го посети Центарот за вработување во Тетово за да разговара со раководството и вработените со цел да се најде решение за големиот метеж при пријавувањето за мерките за самовработување со грант и претприемништво. Посетата доаѓа по вчерашната објава на една од националните телевизии од каде преку прилог информираа дека граѓаните се жалат на безредие и чекање повеќе часови во ходниците и скалите. 

-Сакам да ги информирам сите граѓани дека ниту еден граѓанин што сака да аплицира, нема да остане без таа можност. Значи до крајот на неделата ќе ја има таа можност да аплицира. Исто така, ако не може сите да аплицираат,  а има интерес може да го продолжиме рокот за уште една недела.  Од сабајле сум во комуникација со директорот Агенција за вработување на централно ниво, исто така и со раководителот, на Агенција за вработување на локално ниво. Зборував со нив за да ги зголемат капацитетите, да може да аплицираат сите граѓани. Ако е потребно да работат и подолги часови, односно може да работат после 16 часот, рече Дурмиши.

Директорот на Центарот за вработување Тетово, Нехат Османи смета дека нема да има повеќе толку многу чекање за пријавување.

Реклама

-Како што се гледа денеска малку капацитетот на администрација е зголемен, имам малку редови ама и тие ќе поминат. Тие што работат овде се вклучени. Сме имале и некој проблем, конекциите, интернетот, па има и некои други детали. Немаме и толку многу компјутери за пристап.  Се знае оваа година пристапот е малку поразличен поради прашалникот што е. Мислам дека ќе тераме на подобро, ќе помине све и редови нема да има. Мислам од утре натаму и нема да ги видите овие гужви, изјави Османи. 

Според информациите на министерот низ цела Македонија, досега се пријавиле над 2800 граѓани, а има предвидени средства за 2045 луѓе.  Мерките за самовработување овозможуваат неповратна финансиска поддршка од 5.000 до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Мерката „Самовработвање-Претприемништво“ е поделена на 3 под-мерки, за лица до 29 години грант од 10.000 евра, за лица над 29 години до 7.000 евра додека за здружување во ДОО од 14 до 20 илјади евра.