Реклама

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Во релативно краток период, Македонија стана сведок на сè погрозоморни и морбидни убиства

Кој останува, а кој заминува – вечерва по 20 часот ќе се знаат имињата на новите министри во Владата

Нови авиолинии, 6 нови автопати, обнова на железницата: Македонија станува нова раскрсница на Балканот

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Економија

Дурмиши: Наследивме само еден до два чекори реализирани од Реформската агенда, до крајот на годината очекувам реализација од 90 проценти

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува дека 90 проценти од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува дека 90 проценти од Реформската агенда којашто се однесува на економскиот дел ќе биде исполнета до крајот на годината. Уверува дека оној дел што се однесува за Министерството за економија ќе биде исполнет во целост.

Дурмиши денеска изјави дека кога ја презеле власта биле исполнети само еден или два чекора од Реформската агенда, а сега се исполнети пет.   

– Реформската агенда е од 2019 година испорачана од Европската Комисија на нашата земја, а ние наследивме само еден или два чекори исполнети, а во Министерството за економија имаме 20-тина чекори што треба да се реализираат. На крајот на 2025 година исполнивме два чекора, сега на 30 јуни ќе исполниме околу пет чекори, а до крајот на годината очекувам сè да биде завршено или исполнето од Реформската агенда, рече Дурмиши на прес-конференцијата на која даде отчет за двегодишниот мандат.

Реклама

Очекува она што зависи од Министерството за економија да биде во целост исполнето, но вели има и работи чија реализација не зависи само од Министерството. 

– Сите чекори што се однесуваат на Министерството за економија и труд, ќе ги исполниме, но, има чекори како на пример да го намалиме бројот на невработеноста, што зависат и од многу други фактори и институции. Нормално дека ќе се трудиме и ќе го направиме своето, ако не успееме, ќе кажеме кои се тие фактори или кои се тие индикатори поради кои не сме успеале да завршиме, но 90 проценти од Реформската агенда ќе биде имплементирано до крајот на оваа година, рече Дурмиши.