Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Државна ревизија: Лани над 116 милиони евра од државните институции завршиле на погрешно место

Скоро 100 милиони евра завршиле на погрешно место при спроведување на јавни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скоро 100 милиони евра завршиле на погрешно место при спроведување на јавни набавки, а над 21 милиони евра институциите потрошиле спротивно на законите, утврдиле државните ревизори. Од државниот буџет во минатата  2021 година не биле исплатени 28 милиони евра за надоместоци, а од општинските каси скоро 2 милиони евра. Во годишниот извештај Државниот завод за ревизија детектира 1170 наоди, од кои 72 биле кај јавните набавки.

Со извршените ревизии имаме констатирано неправилности во делот на договорите за јавни набавки кои изнесуваат приближно 96 милиони евра. Се однесуваат во делот на слабост во реализација на склучените договори за јавни набавки, слабости во фазата на склучување на договорите, неправилности при подготовка на тендерската документација или техничката спецификација, тендерска документација која содржи ограничувачки елементи во делот на конкуренцијата, неправилности во евалуацијата на понудата и слабости во делот на планирање на јавните набавки. Во делот на помалку пресметани или помалку уплатени средства во Буџетот на државата, пак, се утврдени неправилности во износ од 20 милиони евра – истакна главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Државниот завод за ревизија регистрира и дека рокот на завршување на капиталните инвестиции се одолговлекува со анекси на договорите кои и ја зголемуваат вредноста на проектот. Како примери се наведуваат патот Кичево- Охрид, регионалниот клинички центар во Штип, изградба и реконструкција на делницата Бељековце – Крива Паланка или Коридорот 8.

Реклама

Ако склучениот договор за изградба за автопатот Кичево – Охрид бил тежок нешто над 411 милиони евра, во 2022 година достигна неверојатна вредност од скоро 600 милиони евра и дополнителни 5 анекси на почетната спогодба.

Од друга страна, задолжувањето на државата е на горна граница зголемен за 15 проценти регистираат ревизорите минатата година, а проблем е и тоа што нема закон за управување со јавниот долг во време на криза. 

Викторија Миткова