Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Економија

Димитриеска Кочоска: Прашањето за вториот пензиски фонд не е за мене

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска од собраниска говорница истакна дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска од собраниска говорница истакна дека прашањето за исплатата на средства во вториот пензински фонд треба да биде упатено до директорот на ПИОМ, а не до Министерството за финансии. Таа на прашање на пратеникот Јован Митрески објасни како се вршат плаќањата од трезорот.   

– Трезорот има улога на шалтерски работник во банка, ако има пари институцијата и ликвидност тоа значи дека може да се изврши плаќањето. Ако нема пари и ликвидност тоа значи дека плаќањето не може да се изврши. И тоа нормално треба да се гледа до крајот на годината какви ќе бидат состојбите. Генерално, за периодот за кој што прашувате, хипотетички кажувам сега, имаме сто единици коишто сме ги планирале да ги оствари пензискиот фонд и велиме уште 50 единици ќе дополниме од буџетот, меѓутоа тие 100 единици во некој момент се 98 и две остануваат неостварени, притоа одговорното лице во Фондот треба да одлучи како ќе ги менаџира парите. Ако одговорното лице во Фондот пушти во исто време налози за плаќање кон одреден правен субјект, ама во исто време пушти и други налози, ние се јавуваме и прашуваме што му е приоритет. Еве за конкретниот период за којшто прашувате приоритет бил Фондот за здравство, така што апсолутно мислам дека ова прашање не треба да ми го поставувате на мене туку директно на директорот на ПИОМ – рече Димитриеска Кочоска. Ова прашање, додаде таа, не е за мене.

Митрески го отвори прашањето за исплатата на средствата во вториот пензиски фонд по обајвувањето на ревизорскиот извештај за работата на ПИОМ во којшто, меѓудругото, се наведува дека доцнела исплатата на парите за вториот пензиски фонд.  

Реклама

Министерката Димитриеска Кочоска од собраниската говорница истакан дека како резултат на сите овие дискусии од оваа година почнале на секое плаќање што го пушта пензискиот фонд да доставуваат барање да кажат што им е приоритет, затоа што во ист момент буџетот не се полни. Секој месец има различна реализација, објаснува таа, и согласно на тоа треба да се подготвуваат и налозите. – Но, како се подготвувани согласно состојбите и ликвидноста на сметка така се пуштаат, рече министерката. 

 За оваа година вториот столб е испланиран комплетно односно онолку колку што треба да биде исплатено.

– Се согласувам со вас дека приоритет треба да биде ова и ако ја погледнете оваа година, вториот столб е испланиран комплетно, колку што треба да биде исплатено за годината. И јас се надевам дека повторно пензискиот фонд нема да има проблем во делот на наплатата и дека ќе може да ги сервисира обврските. Придонесите за пензиски фонд и придонесите од плати ги прибира УЈП, меѓутоа трудовата инспекција не е под Министерство за финансии и мислам дека има друго надлежно министерство кое треба да се занимава со тоа како оди наплатата на овие придонеси – рече Димитриеска Кочоска.