Реклама

Измени во Законот за игри на среќа – ќе помогнат ли за намалување на зависноста од коцкање?

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Македонија

Дедо Трајче ја тера 101-та година, здрава храна, добар брак и живот без нервози – рецептот за долговечност

Трајче Грозданов ја тера 101-та година, здрава храна и без нервози, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трајче Грозданов ја тера 101-та година, здрава храна и без нервози, е неговиот рецепт за долговечност. Цели 72 години е во брак со неговата сопруга Загорка, која е влезена во 94-та година од животот.

– Се школував за авиомеханичар во Рајловац, Босна и Херцеговина. Во животот многу се движев, бев автомеханичар и по цел работен ден поправав комбајни и други земјоделски машини, во земјоделска задруга. Поправајќи, со часови се вртев околу најразлични машини, постојано во движење. Кога се пензионирав, години и години поминав во пешачење, со километри, секое утро од разденување, до изгревање на Сонцето – ни раскажа тој.

Рано легнува и рано станува, секогаш обрнува внимание добро да се наспие. Вели, има рутина во јадењето – оброци секогаш во исто време, последниот, лесен, неколку часа пред спиење. Никогаш не се прејадува. За појадок главно јогурт, лимон и мед, за ручек манџа со што помалку месо, вечера избегнува или каснува нешто лесно како варен ориз или компир или само овошје или домашен компот. Не сака пржена храна. Низ годините, многу од земјоделските производи што ги внесувал во исхраната, биле од домашно производство, без хемија.

Реклама

Заедно со сопругата изгледале и одомиле четири сина, сега живеат со едниот од синовите и снаата. Низ годините, во регионот што е најпознат по производство на праски во државата, заработувале и обработувале пиперки, афион, тутун, лозје. Но, ни кажа дека иако работеле со тутун и грозје, многу малку време во животот пушел цигари, а вино и ракија, дегустирал главно во младоста.

– Знам дека не ви се верува дека, ете, во Тиквешијата како најголем регион за грозје, вино и ракија, некој не е по пиењето. Со децении не сум се напил вино или ракија. А порано, во младоста, ми се случувало да наздравам за здравје и среќа – откри тој.

Патем ни раскажа и една интересна анегдота, како се откажал од пушењето цигари, кои ги користел кратко во младоста.

– Едно време многу ги поскапија. Ми се чини, ако беа осум динари, ги направија на триесет динари. Падна облог меѓу другарите, кој ќе престане да пуши, добива балонче со ракија. Така ем поради поскапувањето, ем за да го добијам облогот, имав цврста волја и одлучност и завршив со цигарите. А балончето ракија на неколкупати го дегустиравме заедно со другарите – се присети тој на младоста.

Со години, не пие ниту кафе и рече дека воопшто не му недостасува. Времето го поминува главно со сопругата, со која имаат осум внуци и 11 правнуци.

На шега ги прашавме не ли им е досадно по речиси осум децении поминати заедно, а тие со многу позитивна енергија одговорија дека убава им е живејачката, си го минале животот во слога и разбирање, без нервози.

Дедо Трајче се сети и на една друга анегдота од неговиот живот.

– Кога бев на лекар на редовна контрола, лекарот ги повика колегите да ме видат, оти немале видено човек на толку години. Постар од мене, немале видено – ни раскажа тој.

Го прашавме дали можеби има договор со судбината, колку години да изживее, а тој само се насмевна и рече дека никаков договор и тајна за долговечност нема, судбината едноставно самата сакала така да биде. Да се крепат со сопругата долги години.

– Не се даваме – насмеана додаде и таа, бакнувајќи го во образот и шегувајќи се, дека таа ќе го надмине во долговечноста, дека ќе поживее повеќе од него.

Како и да е, им посакавме уште многу години здравје и среќа и заеднички живот, со договор пак да се видиме и да си помуабетиме.