Граѓаните со силна поддршка за измените на Законот за пушење. Анкетата на порталот МКД.мк, спроведена од „Маркет Вижн“, покажува дека дури две третини од испитаниците го поддржуваат решението.
Или, конкретно, 68 проценти рекле дека ги поддржуваат предложените решенија, додека 28,2 проценти имаат негативен став. Анкетата, реализирана во периодот од 10 до 27 јуни на примерок од 1.200 испитаници, покажува дека 83 проценти од граѓаните се информирани за предложените законски измени.
Предлог-законските измени веќе го поминаа првото читање во Собранието, а следува разгледување во матичните комисии, поднесување амандмани и повторно враќање на пленарна седница за второ читање и конечно гласање.
