Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM и Левица со опструкции и блокади наместо реформи, го кочат Изборниот законик и правото дијаспората да гласа 

Стравот од изборен пораз не смее да биде причина за блокада на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стравот од изборен пораз не смее да биде причина за блокада на Изборниот законик од страна на СДСM, Венко Заев и Левица на чело со Апасиев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСM и Левица со поднесување на десетици илјади амандмани го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, иако неговите решенија со месеци беа усогласувани со учество на сите политички партии.

Со ваквите опструкции на СДСM и Левица директно се доведува во прашање воведувањето на електронско гласање за дијаспората и модернизацијата на изборниот процес.

Реклама

СДСM и Левица се уплашени од изборен пораз и затоа калкулираат и прават блокади.

Иако СДСM и Левица учествуваа во разговорите за законските решенија, денес се обидуваат да го закочат нивното донесување. Тоа отвора сериозни прашања за нивната доследност и вистинските мотиви.

На државата и се потребни функционални институции, реформи и изборен систем што ќе обезбеди еднакво избирачко право за сите македонски граѓани, вклучително и за дијаспората, а не политички блокади од страна на СДСM и Левица.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на донесување квалитетни законски решенија, модернизација на изборниот процес и политики што се во интерес на граѓаните и државата.