Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ имаат докази оти Груевски на УСБ ги доставил измените на Кривичниот законик, екс-премиерот демантира

Измените на кривичниот законик кои поминаа во Собранието се речиси идентични со оние…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измените на кривичниот законик кои поминаа во Собранието се речиси идентични со оние во Ворд документот од УСБ-то што било доставено до Али Ахмети, Талат Џафери и трета страна – вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски вели дека Никола Груевски со месеци наназад имал интензивна комуникација со ДУИ, имал контакти и со СДСМ. Николоски во интервју за „360 степени“ го прашува поранешниот претседател на партијата, зошто преговарал со власта  и луѓе од врвот на безбедносните структура во Македонија.

  •  „Ние спомнавме дека имаме докази, еве има и УСБ на кое ги има измените и ако ги прочитате измените на КЗ и истите се доставувани од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Али Ахмети, Талат Џафери и трета страна“, рече Николоски.

Во однос на УСБ-то Николоски вели дека со дигитална форензика  јасно може да се провери кој е автор и од која ИП адреса е пратен документот со законските измени.

Реклама
  • „Има јасна трага кој е автор на текстот и ѝ да сакате да го наречете вашиот компјутер Никола Груевски постои ИП адреса. Може и да немало комуникација но како може размислувањата да бидат сосема исти. Повторуам дека УСБ-то со измени на Кривичниот законик кое е испратено на адреса на претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а на третата адреса не стигнало. Третата адреса не е ВМРО-ДПМНЕ. Ние информациите ги добвиме од свиркач“, рече Николоски во интервјуто за 360 степени.

Помалку од еден час по интервјуто на Александар Николоски, поранешниот партиски лидер Никола Груевски побара директно вклучување преку порталот Инфомакс. Во него демантираше дека имал каква било комуникација со СДСМ и ДУИ.

  • „Уесбе може да направи секој. Можам јас да ви направам за 15 минути. Може кој било човек да направи за 15 минути и да каже ова е уесбето што пратил Груевски. Јас можам за 15 минути да напишам писмо и да кажам ова е од Александар Николоски“ вели Груевски.

Додека траше диркетното вклучување на Никола Груевски, Александар Трајковски, кој пред 5 години беше фотографиран во Будимпешта со поранешниот премиер, преку Фејсбук упати директни прашања до него.

  • „Дали тоа што го кажуваш во емисијата можеш да ми го кажеш и на мене, гледајќи ме во очи? Дали Никола можеш да негираш дека од мене бараше да направам средби со преставници од власта на кој ќе зборуваме за измени на кривичниот законик?“ – прашува Трајковски.

Спикерот Талат Џафери добил усб и документи со измени на кривичниот законик, но вели не од поранешниот премиер Никола Груевски туку од предлагачот на законските измени, односно од Владата.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, во телевизиско интервју рече дека изминативе неколку години имало неколку тајни среди помеѓу него, Зоран Заев и Никола Груевски. По ова партијата се дообјаснуваше дека разговорите биле во врска со пржинскиот договор, за надминување на состојбите преку, како што додаваат од ДУИ, процесот на вистината и помирувањето

Претседателот Стево Пендаровски, пак, призна дека од него се барало да го помилува екс премиерот, но не кажа кој и зошто го правел тоа.