Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДСМ затоа го блокираат Изборниот законик

Стравот на Венко Заев и СДСМ е едноставен, тие знаат дека дијаспората…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стравот на Венко Заев и СДСМ е едноставен, тие знаат дека дијаспората нема да гласа за нив затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Заев и СДСМ денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една единствена причина, бидејќи стравуваат дека македонската дијаспора нема да им ја даде довербата.

Токму нивното катастрофално владеење, неспособноста, криминалот, корупцијата и понижувањата што и ги нанесоа на државата ги натераа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија. Луѓето заминаа затоа што ја изгубија надежта дека СДС може да обезбеди достоинствен живот.

Реклама

СДСМ и Венко Заев наместо да покажат минимум одговорност и да овозможат полесно остварување на избирачкото право на иселениците, СДСМ прави се за да го закочи Изборниот законик. СДСМ и Венко Заев знаат дека дијаспората нема да гласа за оние кои ја натераа да си замине.

Блокадата на СДСМ и Левица нема никаква врска со демократијата, туку со стравот од уште поубедлив изборен пораз.

Доказ дека СДСМ се плаши од избори е и последната анкета каде ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од СДСМ, додека довербата во опозицијата паѓа под 100 илјади гласови.

Со доверба од само 6 проценти, граѓаните испраќаат јасна порака дека политиките на СДСМ не добиваат поддршка.

На СДСМ му се неопходни суштински реформи и целосно нов пристап. Додека СДС останува на чело со луѓе кои се поврзуваат со криминал и корупција, како Венко Заев, довербата кај граѓаните во СДСМ ќе продолжи да опаѓа.

Дополнително, Амбасадорот на ЕУ во Македонија, господинот Михалис Рокас јавно го поздрави предложениот Изборен законик и повика на политички консензус за негово донесување. Единствени кои остануваат на спротивната страна се СДСМ и Венко Заев, кои повторно ги ставаат партиските интереси пред интересите на државата и граѓаните.

СДСМ и Левица колку и да блокираат, колку и да опструираат, вистината не можат да ја сокријат. Граѓаните добро знаат кој ја доведе државата до оваа состојба и кој ги принуди нивните најблиски да ја бараат својата иднина надвор од Македонија.

Следните избори ќе бидат јасен одговор на нивната политика на блокади, поделби и неуспеси.