Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

Божиновска: Интерконекторот со Грција се гради со забрзано темпо, целта е да биде завршен в година

Гасоводниот интерконектор кон Грција влегува во значително поинтензивна фаза на реализација. По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гасоводниот интерконектор кон Грција влегува во значително поинтензивна фаза на реализација. По интензивната координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА, динамиката на изградбата е засилена, а проектот веќе бележи видлив напредок на терен. 

Тоа го соопшти денеска прес-службата на МЕРСМ, од каде што пренесуваат дека ресорната министерка Сања Божиновска и претставници на грчкиот оператор ДЕСФА и НОМАГАС извршиле увид во градежните активности на трасата на гасоводниот интерконектор со Грција, при што биле информирани од изведувачот за текот на проектот, како и дека се создадени услови за значително забрзување на изградбата.

– Во моментот завршени се 95 проценти од експропријацијата, расчистени се речиси 85 проценти на трасата, а завршено е и производството на сите цевки предвидени за проектот. Досега се испорачани цевки во должина од 34 километри, од кои 21 километар се веќе распоредени по должината на трасата. Извршено е заварување на 13,7 километри цевковод, реализирани се повеќе од 800 успешни заварувања, а над 6.300 метри цевка се веќе положени во земјата. Паралелно, завршени се шест од седумте планирани премини под патишта, а обезбедени се и речиси 65 проценти од придружните објекти – блок-станиците – соопшти МЕРМС.

Реклама

Како што укажуваат, изведувачот е дополнително технички доопремен со автоматски машини за заварување, што ќе овозможи значително забрзување на работите и исполнување на предвидената динамика.

Теренската посета следува по работните состаноци што Министерството ги одржа со извршниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, и главната извршна директорка на ДЕСФА, Марија Сферуца, и тимот на ДЕСФА, на кои беше потврдена заедничката определба за интензивна координација и реализација на проектот во согласност со утврдените рокови. Истовремено,. беше потврдена и заедничката оценка дека интерконекторот ќе биде завршен во текот на наредната година.

– Овој проект претставува инвестиција во енергетската безбедност, економската стабилност и идниот развој на државата. Наш приоритет е проектот да се реализира квалитетно, навремено и со максимална динамика. Процесот е забрзан и сите институции работат координирано за успешно завршување на оваа стратешка инвестиција – истакнала министерката Божиновска.

Гасоводниот интерконектор со Грција е еден од најзначајните енергетски инфраструктурни проекти. Со неговата изградба државата ќе обезбеди нов влез за природен гас, пристап до повеќе извори на снабдување, поголема диверзификација и повисоко ниво на енергетска сигурност, како и посилно поврзување со регионалната и европската енергетска инфраструктура.