Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Божиновска: Зелената транзиција е најсилното оружје за конкурентна економија – одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за успех

Одржливоста денес не е само еколошка цел, туку еден од најважните економски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одржливоста денес не е само еколошка цел, туку еден од најважните економски предуслови за развој, конкурентност и сигурност на домашните компании. Пред само неколку години на зелената транзиција се гледаше како на дополнителен трошок, а денес е најдобрата инвестиција што една компанија може да ја направи. Компаниите што вложуваат во енергетска ефикасност, обновливи извори и нови технологии ќе бидат компаниите што утре ќе извезуваат повеќе, ќе привлекуваат повеќе инвестиции и ќе отвораат нови работни места, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на панел-дискусијата „Институционална и правна рамка што поддржува одржливи корпоративни практики“.

Таа нагласи дека Министерството ја поставува зелената транзиција како двигател на економскиот развој, создавајќи стабилна, транспарентна и европски усогласена регулатива која ќе им овозможи на компаниите сигурно да инвестираат и да планираат долгорочно.

-Нашата задача е да создадеме услови во кои зелената транзиција нема да биде товар за стопанството, туку негова најголема развојна можност. Затоа носиме модерни закони, ја поедноставуваме регулативата и обезбедуваме конкретна финансиска поддршка за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, истакна министерката.

Реклама

Божиновска потсети дека новиот Закон за енергетика веќе воспоставува современа рамка усогласена со европското законодавство, додека Законот за обновливи извори на енергија е една од најзначајните енергетски реформи во последните децении.

Осврнувајќи се на развојот на обновливите извори, Божиновска истакна дека Министерството воспоставува нов, транспарентен систем за планирање на инвестициите во електроенергетската мрежа, со јасни правила што ќе обезбедат стабилност на системот и сигурност за инвеститорите.

-Сакаме компаниите да бидат активни учесници во новата енергетска економија, не само потрошувачи. Нашата цел е да создадеме услови секој што инвестира во сопствено производство на енергија, складирање и модерни технологии да стане дел од енергетската трансформација на државата, нагласи Божиновска.

Таа додаде дека Министерството паралелно инвестира и во модернизација на електроенергетската инфраструктура, дигитализација на системот и поедноставување на процедурите за компаниите, со што ќе се забрза интеграцијата на новите капацитети за производство на електрична енергија.

На крајот од своето обраќање министерката му порача на бизнисот, дека намалувањето на емисиите, енергетската ефикасност и декарбонизацијата не се само исполнување на европските стандарди, туку се најпаметната деловна одлука за секоја компанија што сака да биде конкурентна и успешна на долг рок.

-Министерството ќе продолжи да биде силен партнер на стопанството во овој процес, подвлече министерката Божиновска.

Панелот се одржа во рамки бизнис форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, што го организираа Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Стопанската комора и Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации.