Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Берово домаќин на регионален форум за одржливо управување со биоотпадот во Источниот регион

Во Берово денеска се одржа Регионалниот форум на Источниот плански регион за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Берово денеска се одржа Регионалниот форум на Источниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот, на кој учествуваа градоначалници, претставници на јавни комунални претпријатија, институции, стопански комори, земјоделски и шумарски субјекти, граѓански организации и експерти.

Форумот се реализираше во рамки на проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“, а го спроведува Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.

Главна цел на форумот беше да се презентираат резултатите од базичното истражување за управувањето со биоотпадот во Источниот плански регион и преку заедничка дискусија да се дефинираат најсоодветните решенија за воспоставување одржлив регионален систем. Усвоените насоки ќе претставуваат основа за изработка на предфизибилити студија, која треба да им овозможи на општините полесен пристап до финансиски средства за реализација на идни проекти.

Реклама

Во своето обраќање, градоначалникот на Берово, Петар Ружински, истакна дека управувањето со биоотпадот претставува една од неговите клучни заложби, нагласувајќи дека биоотпадот треба да се гледа како ресурс, а не како товар.

– Со правилно управување можеме да придонесеме за намалување на загадувањето, заштита на природните ресурси и создавање нови можности за локален економски развој. Грижата за животната средина е наша заедничка одговорност кон сегашните и идните генерации, а регионалната соработка е неопходна за воспоставување ефикасен и одржлив систем – рече Ружински.

На форумот беше презентирана експертска студија за состојбата со биоотпадот во Источниот плански регион. Според анализите, регионот располага со значителен потенцијал за искористување на биоотпадот, особено дрвната маса, која претставува најголем дел од биоотпадот поради големите шумски површини.

Беше посочено дека дел од дозволената дрвна маса останува неискористена во шумите, што претставува економска загуба, но и дополнителен ризик од појава и ширење на шумски пожари. Експертите оценија дека искористувањето на биоотпадот може истовремено да придонесе за намалување на еколошките ризици и за создавање нови можности за производство на енергија и локален економски развој.

Учесниците се согласија дека воспоставувањето регионален систем за управување со биоотпадот претставува значаен чекор кон примена на принципите на кружната економија и создавање почиста и поодржлива животна средина. Во рамки на процесот ќе следуваат дополнителни експертски активности и подготовка на препораки за унапредување на системот за управување со биоотпадот во Источниот плански регион.