Реклама

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Отчет на министерот Андоновски за проектите и активностите во изминатите две години

Измени во Законот за игри на среќа – ќе помогнат ли за намалување на зависноста од коцкање?

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Македонија

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите

Министерството за дигитална трансформација ја почна својата работа пред две години во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација ја почна својата работа пред две години во мала канцеларија што требаше да личи на кабинет, со наследени проблеми, субстандардни услови за работа, без систем и со дезорганизираност кај вработените. Не беше воопшто лесно, но го прифативме предизвикот и заедно со мојот тим, деноноќно, посветено работевме трасирајќи го патот на новото министерство кое испорачува за граѓаните, рече денеска министерот Стефан Андоновски.

Во отчетот за сработеното, Андоновски истакна дека за само две години, со својот тим, успеал да изгради институција за респект. Од почетокот биле утврдени 11 фундаментални приоритети.

Ова не е отчет, рече, на изнесување бројки, туку отчет за тоа дали државата станува подостапна за граѓаните.

Реклама

Андоновски  потсети дека кога стапил на функцијата, наследил тужби од приватни компании, тужби од поранешни вработени, тужби од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Македонската радио телевизија, кои достигнувале милионски износи.

-Наследивме уништен возен парк, без ниту едно функционално возило и без соодветна описна евиденција. Наследивме блокирани проекти од витално значење, проект за широкопојасен интернет, долг кон програмата Дигитална Европа, блокирани апликации, блокиран ИПА проект за дигитализација на услуги. Во одредени случаи поднесовме и кривични пријави против поранешни министри и функционери за злоупотреба на постапки за јавни набавки и на службена положба. Имаше системи кои работеа со прекини, институции кои не разменуваа податоци, ИТ законодавство кое последен пат сериозно било усогласувано со европските правила во 2018-тата година. И се боревме и успеавме да ги поминеме пречките и да забрзаме напред, потенцира министерот.

Според него, задачата била јасна – да се помести системот од декларации кон реални услуги.

-Свесни бевме дека граѓаните не очекуваат од нас објаснувања зошто нешто не било направено порано. Тие очекуваат решенија, рокови, одговорност и резултати. Во Македонија предолго зборувавме за дигитализација. Се најавуваа стратегии, портали, системи и реформи, но граѓанинот често не гледаше промена во својот секојдневен живот. Ние сакавме да ја прекинеме таа пракса. Реформа која граѓанинот не ја чувствува, не е завршена реформа. Дигитализација која не ја намалува бирократијата е само технички проект, не политичка промена. Затоа, нашиот пристап беше едноставен – помалку изговори и разговори, повеќе работа, потенцира Андоновски.

Во 2025 година, додаде, Министерството беше на првото место по транспарентност во однос на институциите во државата.

-Го организиравме Дигиталниот самит на Западен Балкан со над 1000 учесници од цела Европа, со што Министерството и Владата ги ставивме на мапата на институции кои реализираат и во ЕУ и на реформи. Според Maturity Index, GovTech на Светска банка, Македонија бележи скок од 22 места и преминува во категоријата А, со оценка 0,76 во споредба со 0,57 во 2023-та година, информира министерот.

Првата и најважната промена што ја направил, е фокусот на националниот портал uslugi.gov.mk.

-Овој портал беше замислен како централна дигитална врата до услугите на државата, но со години беше недоволно развиен и недоволно користен. Денес состојбата е поинаква. Бројот на електронски услуги на порталот се зголеми од 120 во 2024-та година, на 352 во 2026-та година. Тоа е раст од 193%. Месечниот број на издадени услуги се зголеми од 1354 во 2024-та година, на 13.435. Тоа е раст од 892%, скоро девет пати поголем број на издадени услуги. Бројот на корисници порасна од 110.000 на 267.000, а вкупниот број на поднесени барања се зголеми од 64.000 на 340.000, рече Андоновски.

Само лани, напомена, беа регистрирани повеќе од 92.000 нови корисници на порталот – повеќе од вкупниот број нови корисници од 2020, 2021 и 2022 година заедно.

-Ова значи дека граѓаните почнаа да го користат порталот затоа што конечно на него има услуги кои им требаат. Денес граѓаните можат целосно дигитално да добијат: извод од матична книга на родени, венчани и умрени, уверение за државјанство, потврди за неосудуваност, одобрение за набавување оружје и десетици, стотици други услуги. Особено важно е што преку порталот целосно електронски беше спроведена и постапката за студентските ваучери за купување електронски уреди за над 40.000 студенти. Тоа значеше онлајн аплицирање, без турканици, без непотребни документи и без пријави за корупција и нетранспарентна распределба, подвлече Андоновски.

Ова е, дополни, суштината на дигитализацијата – кога системот е јасен, проверлив и еднаков за сите, се намалува просторот за субјективност и злоупотреби.

-Нашиот втор приоритет беше да ги приближиме услугите на државата до граѓаните и физички, не само дигитално. До 2024 година постоеја само пет центри за услуги: во Скопје, Тетово, Куманово, Битола и Охрид. Денес имаме 16 центри за услуги, со нови локации во: општина Аеродром, Јагуновце, Штип, Кавадарци, Виница, Свети Николе, Неготино, Делчево, Прилеп, Струмица и Крушево, истакна министерот.

Андоновски заклучи дека темелите се поставени, а Министерството, како што порача, ќе продолжи со унапредување на дигитализацијата и услугите.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: